Свет
Роднините на 10-месечното бебе киднапирано од Хамас: Го нема на денешниот список
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/bibas-familija-izrael.jpg)
Роднините на семејството Бибас се информирани дека никој од семејството, меѓу кои и 10-месечниот Кфир и 4-годишниот Ариел, не е на списокот со заложници што се очекува да бидат ослободени денеска.
На 7 октомври милитантите на Хамас ги киднапираа десетмесечниот Кфир, неговиот брат Ариел, нивната мајка Шири и таткото Јарден од кибуцот Нир Оз. Роднина на семејството, Ејлон Кешет, за Си-ен-ен изјави дека се многу загрижени за 10-месечното бебе.
„Не сме сигурни дали ќе преживее. Секој ден што го поминува во заробеништво постои реална, реална опасност за неговиот живот“, изјави Кешет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Италијанците открија храм стар 4.000 години на Кипар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/гфдзг.jpg)
Италијанските археолози открија храм стар 4.000 години во селото Ерими на Кипар.
„Тоа е најстариот свет простор што некогаш е пронајден на островот“, рече археологот Лука Бомбардиери, кој ги води ископувањата веќе 15 години, кои се изведуваат во соработка со Одделот за антиквитети на Кипар и Министерството за надворешни работи и Меѓународна соработка, пренесува Анса.
Според него, новооткриениот храм „фрла ново светло“ на „модерниот“ живот на заедницата на занаетчии кои живееле пред четири милениуми, само неколку века пред да бидат изградени првите градови на островот.
При ископувањето биле пронајдени останки на млада жена која била убиена и заѕидана дома, што според археолозите било направено за да не и се врати духот и да ги вознемири живите.
Бомбардиери рече дека не е јасно дали во тоа време имало свештеник на тоа место.
Свет
По Русија, Орбан отпатува за Кина : Унгарија високо ја цени кинеската мировна иницијатива во врска со конфликтот во Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/677z381_15-668b844d6125c.jpg)
„Унгарија многу ја цени мировната иницијатива на Кина во врска со конфликтот во Украина“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан Орбан во разговор со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на неговата ненајавена посета на Пекинг.
Орбан рече дека за Унгарија е од големо значење што Кина се залага за мир во светот, а не за војна, пренесува „Index.hu“.
Орбан на социјалните мрежи напиша дека Кина е клучна сила во создавањето услови за мир во војната меѓу Русија и Украина и затоа дошол во Пекинг да се сретне со Џјинпинг, само два месеци по неговата официјална посета на Будимпешта.
Орбан истакна дека, освен завојуваните страни, одлуката на трите светски сили, САД, Европската унија и Кина, зависи од тоа кога ќе заврши руско-украинската војна и затоа, по средбите со страните на конфликтот, тој дошол во Пекинг, пренесува Танјуг.
Свет
Ле Пен: Нашата победа е само одложена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/677z381_677z381_Mari-le-Pen-epa-efe-k.b.-nnn.jpg)
Лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, по парламентарните избори на кои нејзиниот табор се најде на третото место, оцени дека нејзината победа „само е одложена“, и додаде дека Национален фронт е „првата“ партија во Франција.
„Плимата се зголемува. Овој пат не порасна доволно, но продолжува да расте. И затоа нашата победа само беше одложена“, изјави таа за приватниот ТВ канал TF1.
Таа додаде дека има премногу искуство за да биде разочарана од резултатот во кој „бројот на пратениците се удвоил“.
Екстремно десничарската партија Национален фронт влегува во Парламентот со најголем број пратеници досега (меѓу 115 и 155), но останува далеку од преземање на власта, забележувајќи разочарувачки резултат во споредба со пробивот во првиот круг пред седум дена, пренесуваат светските медиуми.
Во вториот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, најмногу гласови синоча освои левичарската коалиција Нов народен фронт, според првите проценки на излезните анкети, пред таборот на претседателот Емануел Макрон и екстремната десница, така што ниту еден блок не доби апсолутно мнозинство.