Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Вчеравечер, во 21.45 часот, во Полициската станица Аеродром, 24-годишната Т. П. од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров била касната од куче скитник, извести МВР.
Во Полициската станица Аеродром каснување од куче кај железничката станица вчера пријавил и 66-годишниот Е. Д. од Скопје.
Во 17.30 часот во Полициската станица Драчево 33-годишниот Р. Д. од Скопје пријавил дека на улицата Бранко Заревски бил каснат од куче скитник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со фалсификувана возачка дозвола сакал да помине на Табановце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на граничниот премин Табановце.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.М.(47) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.03.2025 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
Вршел јавен превоз без лиценца

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.С.(60) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, на 28 март 2025 година во Свети Николе, полициски службеници извршиле контрола над патничко возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
Црна хроника
Штипјанец возел пијан, полицијата го приведе

Полициски службеници рано утрово уапсиле штипјанец кој управувал возило со 1,55 промили алкохол во крвта, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 01:18 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.С.(44) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.