Спорт
Македонија наредната сезона нема да има тим во Лигата на шампионите
facebook.com/hceurofarmpelister
Македонија наредната сезона, како што сега стојат работите нема да има клуб во фазата по групи во ракометната Лига на шампиони. Лошите резултати на македонските клубови на европската сцена во изминатите неколку сезони, придонесоа Македонија на листата на ЕХФ да назадува пет места, од осмото на 13-тото.
Дирекнто место во Лигата на шампионите обезбедуваат само клубови од земјите кои се меѓу првите осум на ЕХФ листата. Постои шанса македонски клуб да добие специјална покана од ЕХФ, но со оглед на резултатите, тоа наредната сезона веројатно нема да се случи.
Реално е Македонија наредната сеозна да учествува со две екипи во Лига Европа. Извесно е дека шампионот веднаш ќе обезбеди пласман во фазата по групи, додека вице-првако ќе мора да игра едно квалификациско коло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“
Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, нема дилема кој е најдобриот на сите времиња.
Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Тој ја има таа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.
На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.
„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.
Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари наменети за најдобриот во генералниот пласман.
Спорт
„Ѓоковиќ гоат? Лудо е да се дискутира за тоа“
Руската тенисерка Дарија Касаткина проговори за „големата тениска тројка“ во која се Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Таа истакна дека тројцата немаат конкуренција, прво рече дека не можат да ги споредуваат Рафаел Надал и Карлос Алкарас, но дека единственото нешто што им е заедничко е тоа што двајцата се од Шпанија, а потоа беше прашана за „големата тројка“.
„Тие тројца се недостижни“, рече Касаткина, по што брзо беше прашана дали Новак е чекор понапред.
„Знаете, кога некој има идол, го сака без разлика на резултатите и дали се споредливи и во мојот случај, бидејќи почнав од детството“, рече Русинката чиј идол е Рафаел Надал и продолжи:
„Објективно, гледајќи ги резултатите, Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња, лудо е да се дискутира за тоа. Се друго е прашање на вкус“.
Спорт
Интересно ветување на Паоло Фонсека за новинарите
Паоло Фонсека денеска одржа прес-конференција пред првиот натпревар во Лигата на шампионите во кој Милан во вторник ќе се соочи со Ливерпул.
Тренерот на Милан им даде интересно ветување на новинарите пред натпреварите со Ливерпул во Лигата на шампионите и Интер во Серија А.
Фонсека изјави дека иако има два меча за краток период, на двата натпревари можат да играат исти играчи, но дека дефинитивно ќе размисли за ротација.
„Имаме три натпревари оваа недела и треба да размислиме за се. Утрешниот е најважен, но не можам да заборавам дека овој викенд играме дерби во Серија А“, изјави Фонсека.
А потоа дојде ветувањето на новинарите:
„Ако ги победиме двата натпревари, ветувам дека ќе ви донесам „пастел де ната“ на прес-конференцијата“, рече Фонсека со насмевка.