Македонија
Лидерска средба во понеделник – Ковачевски најави дека уште утре ќе ги испрати поканите, а ќе се зборува на три теми

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе испрати покани за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Средбата, како што информираше Ковачевски, ќе биде закажана за понеделник.
Ќе се разговара на три теми – евроинтеграцијата, одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик, информираше Ковачевски за време на прес-конференцијата во Владата со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.
Борел пред Ковачевски истакна дека уставните измени се клучни за продолжување на патот кон ЕУ и треба што побргу да бидат усвоен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.