Македонија
Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ поради неразумни билатерални пречки
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сјарто.

Како што информира ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочил дека Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓу другото, и поради неразумни билатерални пречки, со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евроинтегративни процеси.

„Македонија со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики, сепак, во споредба со други држави, кои веќе се членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неоспорна стратешка цел – членство во Европската Унија“, истакна на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Македонија, како што се економската криза, растечката сиромаштија, скапите цени и инфлацијата, како и недостигот на инвестиции и реформи.
Двајцата соговорници ги потврдија исклучително добрите односи што ВМРО-ДПМНЕ ги има со унгарската влада и Мицкоски се заблагодари на поддршката што Македонија ја има од пријателска Унгарија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

