Македонија
Стоилковски: 1,5 милион денари затезни камати и судски трошоци ќе плаќа ЈСП затоа што Данела Арсовска не го признаваше долгот кон приватните превозници
„Поради ненавремени исплати и поради негирање постон долг од 1,5 милион евра од страна на Данела Арсовска, 1,5 милион денари ќе треба да се исплати од страна на ЈСП кон приватните превозници. Со одлука на суд, спротивно на тврдењата на Арсовска дека нема долг на ЈСП кон приватниците, сега ЈСП, кое и онака е во колапс, ќе треба да исплати високи затезни камати за долг од 1,5 милион евра“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Математиката покажува еден милион и 200 илјади денари за затезни камати зголемени за 10 % и околу 300 илјади за судски трошоци и надоместоци, вкупно 1,5 милион денари!
За потсетување, Арсовска лани негира дека има долг кон приватните превозници од 1,5 милион евра, кои почнаа со штрајк и блокади, за потоа во март годинава Арсовска да направи договор со приватните превозници за исплата на долгот од 1,5 милион евра, но и да го скрие договорот за исплата на долгот.
Прашањето на кое Арсовска сега треба да одговори е дали дополнителната исплата на камати од 1,5 милион денари можеше да биде спречена доколку се исплатеше побаруваниот долг кога приватниците ги побараа?
Но, и дали постои таен договор на овој начин да се исплаќаат дополнителни камати за неисплатените фактури кон приватните превозници, со што се оштетува буџетот на Град Скопје?
1,5 милион денари за казни кога се бара спас и постојани финансиски инјекции за ЈСП, а граѓаните не добиваат подобри или, пак, никакви услуги? Со вакви неразумни зафати и со бегање од вистината Данела Арсовска системски го уништува ЈСП.
И наместо „Модерно Скопје“, Данела Арсовска ги уништува јавните претпријатија со туркање во долгови и со креирање ситуации за казни, затезни камати, за тужби и судски трошоци“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

