Свет
Хамас ослободи уште две заложнички

Двете израелски заложнички кои претходно ги ослободи Хамас беа идентификувани како Миа Шем (21) и Амит Соусана (40).
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ослободените заложнички Црвениот крст им ги предале на израелските специјални сили.
„Пред малку, претставниците на Црвениот крст префрлија две израелски заложнички на специјалните сили на ИДФ и силите на ИСА покрај безбедносната ограда со Појасот Газа. После тоа тие ќе стигнат до базата Хацерим“, соопшти ИДФ.
Mia Schem (21), who was kidnapped from the music festival, and Amit Soussana (40) from Kibbutz Kfar Aza have just been released from captivity. pic.twitter.com/c1aN9QWgFS
— Jacob N. Kornbluh (@jacobkornbluh) November 30, 2023
Миа Шем, француско-израелска државјанка, заробена од милитантите на Хамас на 7 октомври, се појави на видео минатиот месец на кое се гледа дека нејзината повредена рака ја лекува неидентификуван медицински работник. Во видеото таа бара што побрзо да биде вратена кај семејството. Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша видеото на Хамас како „одвратен чин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Дигитал
Tрамп тврди дека има купувач за „Тик-ток“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пронашол купувач за апликацијата „Тик-ток“ во таа земја.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека пронашол група многу богати луѓе како потенцијален купувач за „Тик-ток“, чиј идентитет ќе го открие за околу две недели, пренесува „Ројтерс“.
На 18 јуни, Трамп по трет пат ја одложи забраната за апликацијата „Тик-ток“ во Соединетите Американски Држави, додека чека нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајт денс“ да ја продаде социјалната мрежа.
Свет
Иран: Коментарите на Трамп за Хамнеи се навредливи и недостојни

Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и народот на Иран, оценувајќи ги како навредливи и недостојни, објавија иранските медиуми.
Се вели дека коментарите на Трамп „длабоко ги повредуваат чувствата на стотици милиони муслимани во регионот и низ целиот свет“, објави Иран Интернешнл.
Министерството процени дека коментарите на Трамп само ќе ja зголемат одвратноста и омразата „кон кратковидата политика на Америка и дополнително ќе ги дискредитираат нејзините тврдења за барање дијалог“.
Трамп во петокот изјави дека Хамнеи дал глупава изјава кога се заканил дека повторно ќе ги нападне американските сили во регионот откако Иран нападна американска база во Катар како одговор на бомбардирањето на нуклеарните постројки на Иран.
Регион
Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта.
Министерството додаде дека сообраќајот во српската престолнина сега може да се одвива нормално. Тие тврдат дека полицијата дејствувала професионално. Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.
Едно полициско возило е оштетено од учесниците во блокадата.
Во Белград, Нови Сад, Ниш и многу градови низ Србија, патиштата беа блокирани на неколку локации. Студентите повикаа на граѓанска непослушност кога осум нивни колеги беа уапсени.
Вишото јавно обвинителство ги обвини осумте студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.