Регион
Вучиќ: Сакаат да го признаеме Косово за Србите таму да може да излезат на избори
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше од Дубаи, каде што се одржува самитот на лидерите за климатски промени – COP28.
„Имавме важни средби. Разговарав со Шарл Мишел и со претседателите на Унгарија, Полска, Белорусија, како и со луѓе од ММФ“, рече Вучиќ додавајќи дека сите разговори се од посебно значење за Србија.
„За да се решат сите проблеми, мора да има ред во меѓународните односи“, додаде тој.
„Вечерва, имаме средба со шеикот Мухамед бин Зајед, што е важно. Разговарав и со (претсдателот на Белорусија) Лукашенко. Реков дека кога ќе завршат изборите, треба да најдеме датум за нашите средби. Разговаравме за нашите односи, за ситуацијата во Украина, Александер го знае тоа многу подобро од мене“, додаде тој.
Вучиќ најави дека италијанската премиерка, Џорџа Мелони, за помалку од два дена доаѓа во Белград.
Во Дубаи се одржува лидерскиот самит за климатски промени – COP28.
Вучиќ претходно се сретна со многубројни официјални лица.
„Мораме да го признаеме Косово за Србите да излезат на избори. Сите во Европа го знаат тоа и добро е што ќе реагираат, но ние немаме многу од таа реакција. Курти не сака да им дозволи на Србите, тоа е природно, а Западот секогаш ќе ни кажува дека нема доволно можности да изврши притисок врз Аљбин Курти“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарницата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичницата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

