Свет
Бил Гејтс: Глобалната температура, најверојатно, ќе се зголеми повеќе од два степена
Глобалната температура, најверојатно, ќе се зголеми за повеќе од два степена, изјави денеска милијардерот и филантроп Бил Гејтс на климатскиот самит COP28 во Дубаи.
Според научниците, порастот на температурата за два степена може да донесе опасни и потенцијално неповратни промени, кои ќе ги погодат луѓето, дивиот свет и екосистемите, пренесува Си-ен-би-си.
И покрај тоа, Гејтс изрази надеж дека претстојниот самит COP28 може да донесе напредок во борбата против климатските промени.
„За среќа, доволно напреднавме, така што глобалната температура нема да се зголеми, да речеме, за четири степени“, смета американскиот милијардер.
Со оглед на очекуваното зголемување на глобалната температура за повеќе од два степена, приоритет на човештвото веројатно ќе биде адаптацијата“, заклучил Гејтс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нафталин предизвикал пожар во банка во Бугарија, гореле пари
Околу 15.340 евра се запалиле и изгореле во касата на филијала на централната банка во Горна Орјаховица, Бугарија, јауваат локалните медиуми. 86.918 евра, кои исто така биле во трезорот, ги преживеале пламените јазици.
Инцидентот се случил доцна во вторник попладне. Еден постар маж решил да внесе заштеда од околу 2.045 евра на својата сметка за да можат неговите пари автоматски да се конвертираат во евра по Нова Година.
Се покажало дека човекот ги чувал парите во гардеробер, каде што имало и облека третирана со нафталински топчиња.. Кога банкнотите биле внесени, тие имале кристали од репелентот, кој е многу токсичен и лесно запалив кога е изложен на топлина.
Банкнотите поминале низ машината за броење и најверојатно нафталинот се кренал во воздух и влегол во клима уредот. Оттаму, искра влетала во касата, но не ја забележале вработените во банката и парите во трезорот почнале да горат. Се појавил и чад, а откако касата била отворена и во неа влегол кислород, пожарот се разгорел.
Изгорела околу 1/6 од вкупната сума во касата, која изнесувала речиси 102.264 евра. Нема повредени вработени. Пламенот бил изгаснат од пожарникари, а парите се осигурани. Износот на човекот кој ги депонирал 2.045 евра и нафталинот бил префрлен на неговата сметка – во евра.
Свет
Нетанјаху најави инвестиции од 110 милијарди долари за израелската одбранбена индустрија
Израел планира да инвестира 110 милијарди долари во следните десет години за да ја направи својата домашна воена индустрија понезависна, соопшти премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Говорејќи на церемонија за доделување дипломи на новообучени пилоти на воздухопловните сили, Нетанјаху изјави дека целта е да се намали зависноста на Израел од странски добавувачи на оружје, вклучувајќи и пријатели, пренесе Тајмс оф Израел.
Тој ја спомена Германија, наведувајќи дека, како и други земји, настојува да купува сè повеќе и повеќе системи за вооружување од Израел. Германија привремено стопираше дел од извозот на оружје за Израел по разорната војна во Газа, што ги заостри односите меѓу двете земји.
Нетанјаху посочи дека и други европски држави, како и Соединетите Американски Држави, вовеле ограничувања, и дека новата инвестициска програма има цел да обезбеди стратешка автономија на Израел во производството на оружје.
Минатата недела, Германија и Израел потпишаа договор за проширување на ракетниот одбранбен систем Arrow 3, наменет за заштита од потенцијални ракетни напади. Израелски официјални лица соопштија дека вредноста на договорот изнесува околу 6,7 милијарди долари, што го прави најголемиот договор за вооружување во историјата на Израел.
Свет
Трамп: Среќен Божиќ на сите, дури и на лошите радикални левичари
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа им посака среќен Божиќ на сите, вклучувајќи ги и радикалните левичари, алудирајќи на своите демократски противници.
„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалниот левичарски олош кој прави сè што може за да ја уништи нашата држава, но во тоа целосно потфрла“, порача републиканскиот претседател, по што ги наброја успесите на својот мандат.
„Повторно нè почитуваат, можеби како никогаш досега. Боже, благослови ја Америка!!!“, додаде Трамп.
Во категоријата „радикална левица“, со својот остар стил, Трамп често ги вклучува сите демократи и политички противници. Тој божиќните празници ги поминува во својата резиденција на Флорида.
Фото: Depositphotos

