Македонија
СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните
„Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, а удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.
Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%.
Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ им наплаќаат поскапи комунални услуги, вода и паркинг на граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.
Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.
Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни, како Прилеп, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Гевгелија.
Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ одат на ексклузивни крстарења, носат рачни часовници од 8.000 денари, порачуваат хибридни бричеви со народни пари“.
Соопштение на СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

