Спорт
УЕФА го одреди распоредот и термините за натпреварите на ЕУРО 2024
Европското првенство во Германија ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 година. На турнирот ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи по четири, а распоредот на групите ќе биде одреден со ждрепка која е закажана за вечерва од 18 часот.
УЕФА го одреди распоредот на натпреварите и кој против кого, кога и каде ќе игра.
Континеталниот шампионат ќе биде отворен на 14 јуни од 21 часот во Минхен. Германија ќе се сретне со репрезентацијата која ќе биде извлечена на второто место во групата А. Тоа ќе биде единствениот натпревар тој ден.
Групната фаза ќе се игра во термините од 15, 18 и 21 часот.
14 јуни:
Германија – А2 (Минхен, 21:00 часот)
15 јуни:
А3 – А4 (Келн)
Б1 – Б2 (Берлин)
Б3 – Б4 (Дортмунд)
16 јуни:
Ц3 – Ц4 (Гелзенкирхен)
Ц1 – Ц2 (Штутгарт)
Д1 – Д2 (Хамбург)
17 јуни:
Д3 – Д4 (Дизелдорф)
Е1 – Е2 (Франкфурт)
Е3 – Е4 (Минхен)
18 јуни:
Ф1 – Ф2 (Дортмунд)
Ф3 – Ф4 (Лајпциг)
19 јуни:
А2 – А4 (Келн)
Германија – А3 (Штутгарт)
Б2 – Б4 (Хамбург)
20 јуни:
Б1 – Б3 (Гелзенкирхен)
Ц2 – Ц4 (Франкфурт)
Ц1 – Ц3 (Минхен)
21 јуни:
Д1 – Д3 (Берлин)
Ф1 – Ф3 (Дортмунд)
Ф2 – Ф4 (Хамбург)
22 јуни:
Е1 – Е3 (Келн)
Ф1 – Ф3 (Дортмунд)
Ф2 – Ф4 (Хамбург)
23 јуни:
А4 – Германија (Франкфурт)
А2 – А3 (Штутгарт)
24 јуни:
Б4 – Б1 (Дизелдорф)
Б2 – Б3 (Лајпциг)
25 јуни:
Ц4 – Ц1 (Келн)
Ц2 – Ц3 (Минхен)
Д2 – Д3 (Берлин)
Д4 – Д1 (Дортмунд)
26 јуни:
Е2 – Е3 (Франкфурт)
Е4 – Е1 (Штутгарт)
F2 – F3 (Гелзенкирхен)
Ф4 – Ф1 (Хамбург)
Нокаут фаза – осминафинале
29 јуни:
1A – 2Ц (Дортмунд)
2A – 2Б (Берлин)
30 јуни:
1Б – 3A/Д/E/Ф (Келн)
1Ц – 3Д/E/Ф (Гелзенкирхен)
1 јули:
1Ф – 3A/Б/Ц (Франкфурт)
2Д – 2E (Дизелдорф)
2 јули:
1E – 3A/B/Ц/Д (Минхен)
1Д – 2Ф (Лајпциг)
Четврт финале:
5 јули:
победник во 1. и 3. осминафинале (Штутгарт)
победник 5 и 6 (Хамбург)
6 јули:
7. – 8. (Берлин)
4. – 2. (Дизелдорф)
Полуфинале:
9 јули:
победник во 1. и 2. четвртфинале (Минхен, 21:00 часот)
10 јули:
победник во 3. и 4. четвртфинале (Дортмунд, 21:00 часот)
Финалето:
14 јули (Берлин)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

