Спорт
(Видео) Кулушевски на „Етихад“ го шокираше Манчестер сити
Манчестер сити и Тотенхем одиграа 3:3 во 14.коло, во Премиер лигата. Тотенхем ја прекина серијата од три порази, а Сити трет натпревар по ред одигра нерешено. Актуелните шампиони сега се трети на табелата со 30 поени, Тотенхем е на петтото место со 27 бода.
Сон беше во центарот на вниманието на стартот од натпреварот. Веќе во шестата минута Кореецот погоди на додавање на Кулушевски, за водство на Тотенхем, а три минути подцна си постигна автогол.
Сито можеше да направи пресврт во 13. минута, но Холанд шутираше покрај стативата.
Во 30. минута повторно шанса имаше Доку, кој ја погоди гредата. Една минута подоцна Алварез одлично го пронајде Фоден, а англискиот репрезентативец беше непогрешлив.
Избраниците на Пеп Гвардиола не застанаа тука, во 35. минута Алварез имаше добра прилика, но неговиот удар го одбрани Викарио. Бернардо Силва можеше да постигне два гола за „граѓаните“ на стартот од вториот дел, но италијанскиот голман повторно беше одличен.
Откако Сити не ги искористи своите шанси, Тотенхем одговори со гол во мрежата на Едерсон. По додавањето на Сон погоди Ло Селсо во 69.минута.
Сепак, во 81. минута Сити повторно имаше предност. Халанд не успеа да постигне гол, но му асистиаше на Грилиш, кој лесно го совлада Викарио од седум метри.
Но, тоа не беше крајот на возбудувањата на „Итихад“, во 90. минута Џонсон испрати идеален центаршут, а Кулушевски упати уште поубав удар со глава во мрежата.
Финишот на мечот го обележа судијата Сјмон Купер, не пушти предност во ситуација кога Халанд ја додаде топката Алварез, кој иташе сам кон голот на Викарио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Аталанта избори место во ЛШ
Аталанта следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо на тој начин им се приклучи на Интер, Милан, Јувентус и Болоња со оглед дека Италија ќе има пет претставници во елитата.
Аталанта во претпоследното коло победи во Лече со 2:0.
Гостите пропуштија можности преку Пашалиќ во шестата, Скамака во 27. кога ја погоди гредата, Запакоста во 39. минута …
Сепак, во вториот дел, тимот од Бергамо постигна два гола, поведе преку Де Кетеларе во 48. минута, а само пет минути подоцна Скамака го постави конечниот резултат.
На две кола пред крајот Аталанта има шест бода повеќе од шестопласираната Рома, но и подобар меѓусебен скор, па теоретски си го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите, додека Лече е во сигурната зона.
Спорт
Шампионот загуби од Шкупи, Шкендија избори квалификации во КЛ, Вардар ќе игра бараж за опстанок
Фото/ fcstruga.com
Спуштена е завесата на сезоната 2023/2024 во Првата македонска фудбалска лига. Струга ја одбрани титулата, а второто место го освои Шкендија.
Струга во претходното коло, со победата над Шкендија ја одбрани титулата, па за овој тим дуелот со Шкупи на домашен терен немаше никаква важност. Шкупи победи во Струга со 2:1.
Головите за Шкупи ги постигнаа Рамани во деветата и Аворњо во 51 минута. Голот за шампионот го постигна Шабани во 30. минута. изедначи на 1-1.
Шкендија во Скопје го победи Работнички со 2:0. Стрелци беа Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута. Со овој триумф Шкендија се избори за место во квалификациите за Конференциската лига.
Од лигата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а бараж за опстанок ќе игра Вардар.
Резултати, 33. коло:
Струга Трим Лум – Шкупи 1-2
Работнички – Шкендија 0-2
Вардар – Тиквеш 2-2
АП Брера – Македонија ЃП 5-3
Брегалница – Силекс 1-1
Воска спорт – Гостивар 1-1
Табела:
Спорт
(Видео) Марко Ројс со гол се прости од „Вестфален“
Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс постигна гол на својот последен натпревар за „милионерите“ во Бундеслигата.
Тимот од „Вестфален“, го пречека тимот од Дармштад кој одамна испадна од Бундес лигата и славеше со 4:0.
Ројс не можеше да има подобро збогување од навивачите. го постигна вториот гол во 18.минута.
Марко Ројс својот последен меч за Борусија Дортмунд ќе го одигра на „Вембли“, кога „милионерите“ во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат со Реал Мадрид.
MARCO REUS https://t.co/v1V07JgTsH pic.twitter.com/tuK5kmytzp
— MUFTI MESSI🇰🇲 (@FahadPulga) May 18, 2024