Спорт
Рој Кин за Марсијал: Постигнува гол на секои 14 години

Зад Манчестер јунајтед е уште една сезона за заборав. Во Лигата на шампионите само теоријата ги води во нокаут фазата, а во Премиер лигата се седми на табелата.
Во саботата Јунајтед загуби во Њукасл (1:0). Како играа избраниците на Ерик тен Хаг, можат да бидат среќни што примија само еден гол.
Англиските медиуми пишуваат дека за време на натпреварот дошло до расправија помеѓу тренерот Ерик тен Хаг и Ентони Марсијал.
Тен Хаг полуде на Марсијал во средината на првото полувреме откако Французинот не се врати во одбраната, а во 60. минута наместо него во игра влезе Расмус Хојлунд.
Малку подоцна, во една емисија, легендата на Јунајтед, Рој Кин зборуваше за Марсијал.
„Му простуваме на Марсијал затоа што тој постигнува гол на секои 14 години. Ќе кажам само едно: ако Њукасл не стави под притисок, подобро да ја земеш топката и да му помогнеш на тимот да подигне и да добие малку простор за дишење. Што направи Марсијал? Ја допре топката и ја продаде евтино. Јунајтед се обиде да се ослободи од него пред неколку години. Екипата се оценува според тоа како игра на големите натпревари. Ако Марсијал не е способен за тоа, тогаш можеби не треба да биде играч на Јунајтед“, изјави Кин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Додека трае сагата со Исак, Њукасл го заврши трансферот на Виса

Додека трае сагата со Александер Исак, Њукасл работи на трансферот на Јоан Виса од Брентфорд.
Александар Исак сака да си замине по секоја цена. Затоа не тренира со тимот и нема да биде во протоколот за натпреварот против Астон Вила на почетокот од Премиер лигата.
Првиот стрелец на тимот е голема желба на Ливерпул, но клубовите се далеку од постигнување договор.
Затоа Њукасл се сврте кон други решенија и се чини дека пронајдоа замена во Брентфорд. Јоан Виса наскоро треба да го засили тимот што ќе игра во Лигата на шампионите оваа година.
Виса доаѓа по одлична сезпна во Бранфорд. Репрезентативецот на Конго постигна 19 гола на 35 натпревари во сезоната 2024/25 и заедно со Мбеумо, кој се пресели во Манчестер јунајтед е најзаслужен за добрите резултати на Брентфорд.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена бидејќи Виса, како и Исак, по секоја цена сака да го смени клубот.
Спорт
(Видео) Спектакуларен гол го елиминира Партизан од Конференциската лига, испадна и Хајдук

Регионалните великани Партизан и Хајдук од Сплит не успеаја да ја минат третата рунда во квалификациите за пласман во главната фаза во Конференциската лига. Партизан испадна од Хибернијан, а Хајдук од Динамо Тирана.
Двата тима испаднаа по продолженијата, откако во раната фаза на второто полувреме останаа со играч помалку.
Во Единбург, Партизан во 90.минути победи со 3:1, го изедначи резултатот во вкупниот скор со голот на Костиќ во 95.минута. Надежите на црно-белите ги урна Каден во 100.минута.
Мечот го обележа спектакуларниот гол на Боуви во 60.минута, кога во тој момент ја намали предноста на гостите на 1:2.
Хајдук во Тирана доживеа пораз од 3:1. Во регуларниот тек Динамо ја анулираше предноста од еден гол. Во 99.минута Хајдук изедначи, а потоа со играч помалку во две минути доживеа дебакл, во 109. и 111. минута за Тирана погодија Кардаку и Бериша.
Спорт
Новата ѕвезда на Реал Мадрид ги шокираше навивачите со одговор на прашањето „кој е најдобар фудбалер во светот?“

Попладнево, Реал Мадрид официјално го промовираше најновото засилување и воедно ѕвездата на тимот, Аргентинецот Франко Мастантуоно, кој ветува светла иднина. Тој е поранешен играч на Ривер Плејт кој има само 18 години и е платен 45 милиони евра.
Сепак, за време на неговата презентација на прес-конференцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тој изненади со некои од одговорите што ги даде.
Неговиот одговор на прашањето кој е најдобриот фудбалер во светот привлече најголемо внимание.
„За мене, тоа е Меси. Јас сум Аргентинец и за мене тој е најдобриот во светот“, рече Мастантуоно, оставајќи многумина без зборови на „Бернабеу“.
Некои навивачи на Реал сигурно ќе му замерат, бидејќи во Мадрид е „забрането“ да се каже дека Меси е подобар од Кристијано Роналдо.
ФОТО/ EPA/Chema Moya/