Македонија
Европскиот сојуз за промени ја напушти лидерската по излегувањето на Џафери; „Веќе подготвуваат сценарио за фалсификување на изборите“, оценува Меџити
Лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, ја напуштиле лидерската средба, која беше свикана денеска, а во фокусот се актуелни политички прашања од значење за претстојните редовни претседателски и парламентарни избори, како и од важност за европските перспективи за државата.
На состанокот опозицискиот албански блок ги изнел своите ставови пред присутните, но како што информира Изет Меџити, кога стасале до точката за член на ДИК, собранискиот спикер Џафери ја напуштил средбата, па и тие оцениле дека треба да заминат бидејќи, како што рече Меџити, немало со кого да ги соочат аргументите.
14 и 28 април се посочуваат како датуми од овој опозициски сојуз за изборниот процес.
„14 и 28 април, значи на 28 да биде вториот круг на претседателските и парламанетарните избори заедно за да се запазат роковите да не влеземе во ситуација, каде што утре, задутре може некој да ги оспори изборите. Во однос на техничката влада, нашиот став е дека треба да има, но овој пат министрите треба да бидат од редовите на албанската опозиција за еднаш засекогаш да се отстрани режимот и да има услови за фер и демократски избори. Во однос на членот на ДИК, цениме дека Џафери ова го одолжува и гледаме интенција да не се избере член“, истакна Меџити.
Упатуваат апел до Џафери да прекине со неговата пракса оти, како што велат, тоа ќе го оценат како обид за фалсификат на наредните парламентарни избори.
„Цениме дека зборуваме за наредните избори, зборуваме за европски вредности, а ако на првиот чекор има вакво сопнување, ова ни кажува дека веќе спремаат сценарио за фалсификување на изборите“, рече Меџити.
Тој изрази и сочувство до семејството на трагично загинатата Вања Ѓорчевска и во врска со овој случај ценат дека Владата бавно дејствувала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.

