Спорт
Де Хеа на пат кон Њукасл

Давид Де Хеа шест месеци е без клуб. Манчестер јунајтен не му го продолжи договорот, а Де Хеа, во летниот преоден рок не прифати ниту една понуда, а ги имаше неколку. Финансиски најдобри беа оние од Саудиска Арабија.
Англиските медиуми тврдат дека 33-годишниот голман би можел да се врати во Премиер лигата, во Њукасл.
„Страчките“, во саботата против Манчестер јунајтед, остнаа без првиот голман Ник Поуп. Претпставките се дека Поуп го очекува подолга пауза.
Екипата на Сент Џејмс Парк во своите редови ги има Мартин Дубравка и Лорис Кариус, но менаџерот Еди Хау верува дека Де Хеа сепак може да донесе многу повеќе во преостанатиот дел од сезоната.
Наводно тој веќе побарал од клупските челници да стаат во контакт со 33. годишниот голман.
Како слободен играч, Де Геа може веднаш да потпише договор и нема потреба да го чека јануарскиот преоден рок.
Де Хеа од 2011 до 2023 година одигра 545 натпревар за Манчестер јунајтед .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тој е фудбалско чудо од Африка: Има само 13 години, а веќе се во игра големи суми

Талентираното момче од Јужна Африка, Камден Шејпер, кој штотуку наполни тринаесет години, веќе е на прагот на голем трансфер во фудбалскиот клуб Челзи, кој предизвика возбуда низ неговата татковина.
Иако уште дете, Камден со своите игри во Англија, особено во дресот на Блекбурн Роверс, го привлече вниманието на најголемите европски клубови, меѓу кои Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Јунајтед.
View this post on Instagram
Челзи беше најконкретен во нивната желба да го доведе и издвои меѓу 700 и 750.000 фунти за 13-годишниот играч, според неофицијални информации на британскиот таблоид „Д Сан“.
Неговото фудбалско патување започна на терените на Бенони, а набрзо го одведе на тренинзи во Спортинг и Манчестер Јунајтед, што ја отвори вратата на европската фудбалска сцена.
Кога неговото семејство реши да се пресели во ОК за да му помогне да ја развие својата кариера, стана јасно дека тој има сериозен потенцијал.
Во сезоната зад нас, Шејпер се истакна како офанзивен играч со неверојатен учинок од 45 гола и 65 асистенции, што дополнително го зацврсти интересот на лондонскиот гигант.
Спорт
(Видео) Тројца навивачи загинаа при пад од трибина, повеќе од 70 повредени

Тројца навивачи починаа откако паднаа од горната на долната трибина на стадион во Алжир, по завршувањето на натпреварот во кој домашната екипа МК Алжир ја освои титулата.
МК Алжир ја освои својата втора последователна титула синоќа, откако одигра нерешено 0:0 против Магра.
Инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот на стадионот „5 јули“ во Алжир, кога се урна ограда во горниот дел од трибината. Неколку десетици навивачи паднаа од горната на долната трибина, при што загинаа три лица, а околу 70 беа повредени.
Многу од повредените беа однесени во болница, каде што играчите и членовите на тренерскиот штаб на двата клуба донираа крв, објави Би-Би-Си.
Стадионот беше полн за време на натпреварот во кој МК Алжир ја одбрани титулата. Атмосферата за време на натпреварот беше празнична, со зелени џадни бомби.
Доделувањето на трофејот беше одложено поради трагедијата.
Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун изрази сочувство до семејствата на починатите и им посака брзо закрепнување на повредените.
Спорт
Марк Маркез победи и во Муџело, Бањаја возеше уште една трка
Марк Маркез продолжи да доминира во кралската класа оваа сезона. Шпанецот победи на трката во Муџело, пред помладиот брат Алекс (Гресини) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Марк, еден од најдобрите возачи во историјата, втор пат во кариерата победи во Муџело, денес ја забележа 93-та победа во кариерата.
Трката на култната патека беше интересна само во првите осум круга, кога Марк, Алекс и Пеко Бањаја се менуваа на челната позиција. Во моментот кога Марк успеа да го мине Алекс и ја презеде челната позиција, повеќе немаше дилеми околу кончениот победник.
Во наредните неколку круга Бањаја се обиде да го нападне Алекс, не му успеа во ниту еден момент. Како што трката се ближеше кон крајот, паѓаше темпото на Бањаја, а тоа го искористи Диџанантонио во препоследниот круг и го презеде третото место.
Лошиот пласман во Муџело, веројатно го исфрли Бањаја од сите комбинации за шампионската титула. Лидер во поредкот е Марк Маркез, има 46 поени повеќе од Алекс Маркез и 97 од Бањаја.
Наредната трка се вози во Асен, Холандија.