Македонија
„Татко, си створил дете, требаше да ја сакаш најмногу, животот свој да го дадеш“ Костовски со статус и фотографија од таткото на Вања

Пратеникот Мартин Костовски објави фотографија од таткото на убиената Вања Ѓорчевска за кого во јавноста излегоа информации дека ја злоупотребил својата ќерка со намера да извлече пари.
„Татко, си створил живот, требаше да ја сакаш најмногу, животот свој да го дадеш“, пишува на социјалните мрежи пратеникот Костовски.
„Си створил дете, требаше да ја сакаш најмногу, животот свој да го дадеш, да ја заштитиш од сѐ и секој, да ја чуваш, раниш, браниш, охрабриш, да бидеш ветерот во нејзините едра“, додава во напишаното пратеникот.
„Тато… ќе ти ѕвони гласот додека си жив и ќе се каеш што не го даде животот свој!!! Со кое срце, душа и мозок ја стави алчноста пред животот на детето свое?!?!? А тоа ти веруваше!!! Како сега на другото ќе му објасниш дека си татко?!?!?!
„Ти не си татко – ти си ‘рѓа монструозна!!!“, напиша Костовски на „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Ахмети, денес ќе се изгласа за министер за здравство“, велат од АА

„Азир Алиу, човекот кој инсистираше Алијансата за Албанците да се поврзе со Али Ахмети, прв и главен човек кој ја иницираше комуникацијата со него… денес ќе се изгласа за министер за здравство!!!“, велат од Алијансата за Албанците.
„На денешната собраниска седница се очекува да се направи замена на владините позиции што ги напушти Алијансата за Албанците.
Имаме неколку јавни прашања:
Ги прашуваме Билал, Изет: Дали паднаа во вода координираните соопштенија во доцните часови против Алијансата за комуникации со ДУИ, кога денес го правите минситер Азир Алиу, кој беше главен јазол на тие комуникации?
А Фетаи го прашуваме: Најголемиот дел од позициите што ги напушти АА, тивко ги заземаат луѓето на Изет, значи во ВРЕДИ ти повеќе лобираше за луѓето на Изет? И Фета, сме слушнале дека сакаат да ти ја земат функцијата за да намамат помала партија да се приклучи на владата, дали и тебе ќе те направиме амбасадор?
И на крај, го прашуваме принципиелното ВМРО-ДПМНЕ: Каде отидоа „црвените линии“ со ДУИ што постојано ги споменувате во јавните изјави, сега кога во владата доведувате луѓе кои беа мост за поврзување со ДУИ?
Како заклучок, длабоко ви благодариме што со отвореното пазарење што го правите во очите на народот, придонесовте за зајакнување на Алијансата за Албанците како никогаш досега, бидејќи народот секој ден сè појасно разбира зошто ве напуштивме и колку добро направивме!
Октомври е многу блиску, се гледаме тогаш!“, се наведува во соопштението на Алијансата за Албанците.
Македонија
Мицкоски: За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи

На 34-тата годишна Конференција на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „34 години постоиме за младите“ свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, кој се осврна на повеќе важни теми, од кои и на злоупотребата на трагедијата во Кочани од страна на СДС и нивната манипулација со јавноста, со некрофилската политика којашто ја водат.
„Третата работа драги господа е некрофилијата во СДСМ. Тоа е позната стратегија да злоупотребува колективни или индивидуални несреќи и да создава политики од нив. Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и се така по ред во духот на локалните избори“, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, истакна дека нема да дозволи да се прави политика од трагедијата, притоа потенцираше дека СДС прави константно злоупотребување на трагични настани, со веќе препознатлива шема, со цел да се одвлече вниманието на јавноста.
„Јас нема да дозволам на грбот на напатениот народ да прават политика и безобразно да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град. За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е оваа партија, во отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста“, рече Мицкоски.
Тој наведе неколку случаи за време на владеењето на СДС кои завршиле неуспешно брез одговорност и откривање на вистина, притоа потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи вакви манипулации со човечки судбини.
„Само ќе ве потсетам на неколку работи од минатото како завршија. Се сеќавате ли на трагедијата на малата Тамара, се сеќавате ли на трагедијата Мартин Нешковски, се сеќавате ли на жртвите од Смилковското езеро, се сеќавате ли дека истите овие луѓе, ветуваа правда, ветуваа мир, ја злоупотребуваа на некрофилски начин и тогаш и денес трагедијата на родителите и блиските на семејствата. Што добија? Тие станаа милионери, а вистината и тогаш и денес беше таа дека единствената политичка и владина опција којашто прави и сочувствува и сака да направи е Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да не дозволиме овие некрофили, кои повторно на човечката судбина манипулираат и се обидуваат да се вратат на власт“, вели Мицкоски.
Тој истакна дека ќе продолжи владината поддршка за Кочани и најави дека наскоро ќе бидат соопштени деталите за проект на кој интензивно се работи и кој ќе биде од исклучително значење за сите жители на Кочани, со цел подобрување на условите за живот.
„Што се однесува до владината поддршка за Кочани таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интензивно работам на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани и ова го работам заедно со канцеларијата на Европската Унија. Со тоа што историски, епски, драматично ќе го видоизмениме изгледот на подобро, на градот Кочани. Деталите за овој проект на кој интензивно работам, очекувам многу скоро од денеска да бидат соопштени на македонската јавност, нормално откако ќе бидат финализирани сите детали“, потенцираше Мицкоски.
Македонија
ДУИ реагира на изјавите на Мицкоски: Единствениот „програм“ што му останал е омразата, потценувањето и исклучувањето на Албанците

„Додека Христијан Мицкоски продолжува со викотници, навреди и провокации во отсуство на каков било конкретен успех на неговата влада, граѓаните јасно гледаат дека единствениот „програм“ што му останал, пред неуспесите на владата што ја предводи, е омразата, потценувањето и исклучувањето на Албанците, клеветите и поттикнувањето на меѓуетничка поделба“, велат од ДУИ.
„Тој вели дека ДУИ имала 23 години да го покаже својот капацитет? Токму во тие години земјата стана членка на НАТО, се доближи до ЕУ, го изгради најфункционалниот модел на мултиетнички соживот во регионот и придонесе за регионалната стабилност преку дијалог и мудрост.
Земјата стана пример за регионот.
Мицкоски и неговата партија, од друга страна, отсекогаш се идентификувале со меѓуетничка омраза, блокади, изолација и масовна корупција.
Тие секогаш биле против секој стратешки напредок на државата, од Охридскиот договор, преку НАТО, до ЕУ. Денес, освен стратешкиот, го изгубија и моралниот компас.
Штитејќи ги своите луѓе вмешани во трагедијата во Кочани, подготвени се да ги следат и заплашуваат родителите на жртвите за да ги спасат виновниците.
Потценувањето и исклучувањето на Албанците можеби ќе му донесе неколку радикални гласови во неговата партија, но на среден и долг рок тој сее семе на поделба што ќе тежи врз идните генерации.
А тоа е историска одговорност што ниту Мицкоски, ниту кој било друг, не може да ја испере со демагогија. Во меѓувреме, неговите албански портпароли го вратија времето на вазалството меѓу Албанците.
Но, со тоа само ја зацврстија убеденоста на секој Албанец дека честа и достоинството на нашиот народ не можат да бидат згазени од задоцнети националисти, дискредитирани клептократи, а уште помалку од вазали кои станаа срам за народот.
ДУИ останува партија на достоинството, обединувањето и прогресот. Нема да дозволиме омразата да ја замени надежта, ниту поделбата да го замени начелото на еднаквост.
Албанците со гордост се соочувале со историјата и ќе се соочат и со овој срамен обид за исклучување, потценување и угнетување. Наредните избори стануваат референдум против изолирана, поделена и корумпирана Северна Македонија“, соопштуваат од ДУИ.