Македонија
Меџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција, нема лекови a тој вработува и унапредува партиски кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Министерот Меџити веројатно го погрешил ресорот па наместо да се занимава со основната дејност на ресорот – здравство, очигледно се однесува како министер за надворешни работи, а Министерството кое го предводи го претворил на туристичка агенција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Меџити кој повеќе шета низ светот, а многу помалку е посветен на решавање на проблемите на пациентите воопшто не покажа основна грижа за затворањето цели оддели по болници и што персоналот го напушта јавното здравство, а континуирано до нас пристигнуваат информации за неправилности и мобинг по ЈЗУ.
Меџити не го интересираат проблемите на дијабетичарите, не даде одговори ниту за забелешките од Извештајот на ЕК, не даде отчет ни за copy-paste буџетот кој покажува основна негрижа за пациентите и за инфраструктурата.
За Меџити мисловна именка е инвестиција во кадар на среден и долг рок, како и капитална инвестиција во здравството. Но, затоа додека министерската позиција ја подразбира како шетање низ светот имаме затворање оддели во болници и имаме четврт министер за здравство кој со прст не мрдна да го зајакне кадарот низ болниците во државата, истиот тој Меџити распишува огласи во самото Министерство за административен кадар и разни советници и соработници во најголем дел партиски кадри на Меџити од албанска националност“, реагираат од опозициската партија.
Прашуваат: На колку патувања досега бил Меџити и со колку членови во делегацијата? Колку средства се потрошени за неговите патувања заедно со делегациите ?
Што конкретно договорил Меџити и што конкретно преземал за едукација на кадри во рамки на тие патувања, ако се земе во предвид дека соопштенијата негови содржат само празни ЌЕ флоскули?
Дали Меџити е информиран дека додека шета низ светот на КАРИЛ недостасуваат следните лекови: Heavy Bupivacaine, Esmocard, Dexmetomidine, Dormicum, Ultiva ( remifentanil ) а имало периоди кога нема основно Atropin.
„Што се случи со тематската седница на Влада на која требаше Меџити да иницира вработувања по болниците и тоа да биде приоритет и зошто не се обезбедуваат средства за медицински кадар од надлежните институции согласно потребите?“
Одговорите, мкако што велат, се добро познати, а она што е повеќе од јасно е дека во оваа влада еден од најосетливите ресори-здравството е позициониран на маргините, а штетата од ваквите политики ќе биде на долг рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

