Спорт
Арсенал еден натпревар без Артета

Микел Артета, менаџерот на Арсенал, нема да може да го води тимот на следната средба од Премиер лигата.
Шпанскиот стручњак лудо го прослави голот на Деклан Рајс во 97. минута од натпреварот против Лутон, кој Арсенал го доби со 4:3.
Тој влета на теренот и судијата Сем Барот му покажа жолт картон.
Бидејќи ова е трет жолт картон за Артети оваа сезона, тој автоматски ќе биде суспендиран. Во сабота, Арсенал ќе гостува кај Астон Вила.
„Не можев да останам на клупата. Тоа беше чиста емоција. Ако е за жолт, тогаш е жолт”, изјави Артета.
Интересно е што Артета на тој начин ќе ја пропушти пресметката против својот колега Унаи Емери, кој пред него го предводеше тимот на Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тудор го потпиша договорот со Јувентус

Игор Тудор го потпиша новиот договор со Јувентус. Хрватот успеа да избори пласман во Лигата на шампуионите, што беше единствената цел кога го презеде тимот од Тијаго Моа.
Тудор потпиша договор со Јувентус до 2027 година. Но, со опција за продолжување за уште една година.
Игор Тудор е поранешен играч великанот од Торино, во минатото тој беше на клупата, но како помошник на Андреа Пирло.
Останува надежта дека со Тудор ќе се обезбеди некаков вид стабилност, со оглед на тоа што Јувентус смени четири тренери во претходните шест години.
Спорт
Севилја има нов тренер

Аргентинскиот тренер Матијас Алмеида е новиот шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Севилја.
Клубот од Андалузија минува низ турбелентен период. Смени седум тренери за три години, а тоа се одрази и на резултатите, бидејќи во тие три сезони, Севиља не беше пласирана подобро од 12-то место, а минатата сезона на две кола пред крајот обезбеди опстанок.
Затоа, не е ни чудо што клубот се одлучи за нов тренер, за Аргентинецот Матијас Алмеида. Еден од најдобрите задни играчи за врска во еден период, кој во богата кариера играше за шампионите Лацио, Парма, Интер, а европската кариера ја започна во Севилја.
Ученикот на Даниел Пасарела ја започна својата тренерска кариера каде што ја започна и заврши својата кариера како игра, во Ривер Плата.
Во меѓувреме, тој ги водеше Банфилд, Гвадалахара, Сан Хозе, а последните три години беше на клупата на АЕК, со кој ја освои двојната круна веќе во првата сезона
Спорт
Пад на гледаноста на натпреварите во Премиер лигата

Две години по ред, Премиер лигата ги рушеше рекордите на гледаност, но тој тренд не продолжи во сезоната која заврши пред еден месец.
Англиските медиуми наведуваат дека главната причина е фактот што немаше неизвесност во борбата за титулата.
Ливерпул го обезбеди првото место во трката со Арсенал прерано, веќе во април. Поранешниот четирикратен шампион по ред Манчестер сити исто така брзо испадна од трката.
Дел од вината оди и кај трите најслаби тимови во лигата: Лестер, Ипсвич и Саутемптон, тие се откажаа прерано, па трката за опстанок беше неинтересна.
Најинтересно беше во борбата за Лигата на шампионите, но не доволно за да се зголеми гледаноста.