Спорт
(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер, Дончиќ за полувреме ја растури Јута
Никола Јокиќ и Лука Дончиќ забележаа по трипл-дабл изминатата ноќ во НБА лигата, која ја обележа Зоел Ембид со 50 постигнати поени.
Лука Дончиќ ги предводеше Далас Маверикс до 12-та победа во сезоната. Мавс ја декласираа 147:97, а Дончиќ постигна 40 поени, 11 асистенции и 10 скока, а на теренот мина 32 минути. Интересно Дончиќ во првиот дел дојде до трипл-дабл учинон, овој период го заврши со 29 поени и по 10 скока и асистенции.
Кајри Ирвинг го следеше Лука со 26 поени, четири украдени топки и три асистенции.
Далас сега е четврти на Западот со скор 12-8, Јута е 12-та со седум победи и 14 порази.
ЛА Клиперс слвеа победа во дуелот со актуелниот шампион, Денвер 111:102. Никола Јокиќ постигна трипл-дабл но го одигра шутерски најлошиот натпревар во кариерата.
Јокиќ имаше трипл-дабл со 22 поени, 15 скока и 10 асистенции. Јокиќ од поле шутираше за 9-32.
Пол Џорџ ги предводеше Клиперси со 25 поени.
Филаделфија против Вашингтон Визардс 131:126, со неверојатна партија на Џоел Ембиид.
Ембиид ја предводеше Филаделфија со 50 поени, а имаше и 13 скока и седум асистенции. На теренот помина 38 минути.
За Камерунецот оваа сезона првпат да стигне до 50 поени, а седми во кариерата.
Џордан Пул постигна 23 поени во поразот на Визардс.
Резултати:
Кливленд – Орландо 121:111
Детроит – Мемфис 102:116
Вашингтон – Филаделфија 126:131
Атланта – Бруклин 113:114
Минесота – Сан Антонио 102:94
Торонто – Мајами 103:112
Чикаго – Шарлот 111:100
Хјустон – Оклахома 110:101
Далас – Јута 147:97
Голден Стејт – Портланд 110:106
Лос Анџелес Клиперс – Денвер 111:102
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Спортистка му напиша на професорот зошто не ја предала задачата: „На Олимпијада сум“
Канадската спортиска во уметничко лизгање, Маделин Шизас, која настапува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, побарала од професорот по социологија да ѝ го продолжи рокот за домашна задача – со „најдобрата можно изговор“: „На Олимпијада сум!“
На Инстаграм објави скриншот од мејлот што го пратила, со линк за доказ дека е дел од Олимписките игри, и коментар: „LOLLLL, обожавам да бидам студентка-спортист“.

„Професорот сè уште не ми одговори, ама сабота е“, изјавила таа за CBC. И додала: „Искрено, не мислев дека ова ќе стане вирално. Само ми беше смешно.“
Иако признава дека „имала цел ден слободен до 17 часот“, сепак не ја напишала задачата. „Се насобраа обврски“, вели таа.
Шизас има 22 години, студира на Универзитетот МекМастер, и веќе има искуство од Олимпијадата во Пекинг 2022, каде што заврши 18-та во индивидуалната конкуренција.

