Свет
(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

Убиено е девојчето Марија Н., а уште пет лица се ранети во училиштето во Брјанск, Русија, кога утрово во одделението влегла Алина А., девојче од нивниот клас и почнала да пука.
По пукањето, осмоодделенката извршила самоубиство.
Сè се случило околу 9:15 часот по локално време.
Според медиумите, Алина влегла во училиштето и се качила на четвртиот кат во својата училница. Часот по биологија бил во тек, а Алина наводно ја отворила вратата и почнала да пука во соучениците.
🔴 BREAKING || 🇷🇺 SCHOOL SHOOTING IN BRYANSK, TWO DEAD INCLUDING SHOOTER
One student died and 4 wounded after shots were fired at School No 5 in the Russian city of Bryansk
The female shooter brought her father’s shotgun into the school, shot 5 people and then took her own life. pic.twitter.com/XvlcwV4nCJ— Bloomberg Whistleblower (@bloombergblower) December 7, 2023
„Една од жртвите веќе е оперирана“, изјави за новинарите помошник-министерот за здравство на Руската Федерација Алексеј Кузњецов.
Кузњецов појасни дека лекарите состојбата на едно лице ја оценуваат како тешка, а четворица се во умерено тешка состојба.
Веднаш по пукањето сите ученици биле евакуирани од училиштето, а целата област била блокирана од полицијата.
Се уште не е познат мотивот за нападот, а се шпекулира дека девојчето му го одзело пиштолот од татко и.
Во меѓувреме, објавени се драматични снимки на кои се слушаат истрели.
Предупредуваме дека снимките на кои се слуша пукањето за некого можат да бидат вознемирувачки:
More footage from the Bryansk school shooting.#Russia #Bryansk #Schoolshootin pic.twitter.com/s2zdkNzkTI
— Ulfh3dnar (@Ulfh3dnar_) December 7, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.
Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.