Спорт
(Видео) Го праќаат по „бурек“, а Сити за него плати 90 милиони евра
Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Јошко Гвардиол е означен како главен виновник за поразот на Манчестер сити од Астон Вила (1:0). Медиумите сметаат дека одбраната на Сити, со Гвардиол во тимот е премногу порозна. Манчестер сити пред неколку месеци за Гвардиол плати 90 милиони евра.
Лион Бејли го посрамоти Гвардиол, два пати го исфрли од рамнотежа, пред со помош на Рубен Дијаз да го постигне единствениот гол на натпреварот.
Читателите на Би-би-си неговата игра, на салата од 1 до 10, ја оценија со мизерни 3,65, а Манчестер Ивнинг Њуз му даде четворка, нарекувајќи ја играта на хрватскиот репрезентативец „мизерна“.
„Тешка ноќ за Гвардиол против Бејли. Незгодното крило постојано поминуваше покрај него. Хрватот беше делумно виновен за голот наАстон Вила. Бејли го изврте Гвардиола пред да постигне гол“.
Навивачите на Сити сметаат дека е недозволиво вака да игра најскапиот дефанзивец во историјата.
Сепак, некои од нив се поблаги во критиките, сметаат дека менаџерот Пеп Гвардиола го става на левата страна во формација со тројца одбранбени играчи, додавајќи дека неговата вистинска позиција е стопер, а не бек.
Se pegó todo el partido corriendo con y sin balón. Aún le quedaron fuerzas para recorrerse por enésima vez el campo y hacerle diabluras a Gvardiol. Leon Bailey.pic.twitter.com/oTk5Lp3HCv
— Marcos Allué (@alluemarcos) December 7, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

