Црна хроника
Скопјанец ограби аптека во Аеродром, полицијата го фати

Синоќа на подрачјето на Аеродром, во близина на основно училиште, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради тоа што околу 17.30 часот во аптека, со закана од вработената одзел пари.
„Со него е извршен службен разговор во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените пари кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Во бесознание била туристкaта од Јапонија која падна кај Канео, но сега е во стабилна состојба

Во стабилна состојба е туристката од Јапонија која вчера падна кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео.
Од СВР Охрид информираа дека полицијата и екипата на Итната медицинска помош биле испратени на местото. Жената во бесознание била примена во охридската болница, а по укажувањето на медицинска помош, ги вратила нормалните животни функции и во моментот е во стабилна состојба.
Случајот нема индиции за насилство, туку се работи за несреќен пад.
Црна хроника
Скопјанец заврши во болница откако бил повреден со виљушкар

Вработен во приватна фирма се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи со виљушкар на паркинг на подрачјето на скопската општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила во саботата, околу 13:45 часот, кога според пријавата поднесена во СВР Скопје, 48-годишниот Г.В. од Скопје бил повреден за време на неговиот работен ангажман.
МВР информира дека повредениот веднаш бил префрлен во приватна болница во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а ќе се утврдува и дали биле почитувани прописите за безбедност и заштита при работа.
Топ
Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов 13-годишен роднина.
Како што соопшти МВР, ноќеска околу 01.00 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Ч.Х. од Скопје пријавил дека на 28 јуни, околу 21.00 часот, неговиот син бил повреден на подрачјето на Бит Пазар.
„Се работи на расчистување на случајот, а се преземаат соодветни мерки за утврдување на сите околности“, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, сторителот е 13-годишник со кого жртвата е во роднинска врска. Засега не се познати мотивите за нападот, а полицијата води истрага.