Свет
„Ова е ментална болест!“ – Ердоган ѝ удри шлаканица на Америка, па постави прашање на кое цел свет чека одговор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи говорот за човекови права за да го обвини Западот за „варварство“ поради неговиот став за војната меѓу Израел и Хамас.
– Израел изврши злосторства и масакри кои ќе го срамат целото човештво – изјави Ердоган пред преполната куќа во Истанбул ден пред 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, нарекувајќи го нападот на Израел врз Појасот Газа „ментална болест“.
Според него, во Појасот Газа се уништуваат сите вредности поврзани со човештвото. Соочени со таква суровост, меѓународните институции и организациите за човекови права не преземаат никакви конкретни чекори за да ги спречат ваквите прекршувања“, нагласи турскиот лидер.
– САД го поддржуваат Израел со своите пари и воена опрема. Еј, Америка! Колку ќе платите за ова? – заклучи Ердоган.
Претходно во саботата турскиот претседател повика на реформи во Обединетите нации откако Вашингтон стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Различни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека околу 20 проектили биле истрелани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави за Би-Би-Си израелски воен претставник, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле „отворени области“.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на бројни цели во Израел, со што започна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација