Контакт

Забава

(Видео) Кевин Костнер по бурниот развод во врска со 19 години помлада пејачка

Објавено пред

Познатиот актер зад себе имаше проблематичен развод, а се разведе пред девет години.

dobivaj vesti na viber

Три месеци по разводот со Кристин Баумгартнер, со која помина 19 години брак, Кевин Костнер (68) е во центарот на вниманието на јавноста поради неговата наводна врска со деветнаесет години помладата пејачка.

На големо се шпекулира дека младата Жил Килчер го освоила срцето на познатиот холивудски актер, а шпекулациите ги започнале нивните фотографии од Карибите.

Тие пред неколку дена престојуваа на оваа егзотична дестинација на хуманитарна акција организирана од фондацијата на пејачката, каде што гостуваше Костнер.

“Нешто дефинитивно се случуваше. Тие флертуваа, а кога беа заедно и двајцата само блескаа. Се обидуваа да бидат дискретни, но сите забележаа дека има нешто”, велат изворите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jewel (@jewel)

Тие поминаа седум дена на Карибите, а пејачката ја искористи можноста да го спомене Кевин на социјалните мрежи: „Го користам ова неверојатно време за да се опуштам, одморам и играм со мојот син. Кевин Костнер беше доволно љубезен да ги менторира нашите деца оваа година .

Парот не се огласил на оваа тема, а засега нема официјална потврда дека се во врска.

Забава

Српскиот херој на мечот против Словенија од трибините го бодреше најубавата Србинка

Објавено пред

Натпреварот меѓу Србија и Словенија го следеше најпознатата српска жена на фудбалер, Софија Милошевиќ. Партнерката на фудбалерот Лука Јовиќ покажа фотографии од стадионот каде пристигна облечена во неговиот дрес.

dobivaj vesti na viber

Софија многумина ја нарекуваат најубава Србинка, долги години се занимава со манекенство, а денес е сопственичка на моден бренд. Двојката е заедно до 2019 година, а имаат два сина: Теодор и Алексеј. Јовиќ има уште еден син од врската со Анѓела Маниташевиќ.

И токму Јовиќ ги спаси Србите од пораз со гол во последните секунди од играта, со што се израмни на 1:1, па заврши нерешено.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Баба го прослави својот 90-ти роденден во Париз на концертот на Тејлор Свифт

Објавено пред

Ненси Стронг од САД го прослави својот 90-ти роденден во голем стил – отиде во Париз на концерт на Тејлор Свифт.

dobivaj vesti na viber

„Се започна со моите внуци Џенифер и Брајан, кои се вистински фанови на Свифт. Ми рекоа – Бабо, ајде да одиме заедно во Париз на концертот на Тејлор Свифт”, изјави Ненси за Пипл.

Успеале да купат пет билети, па со нив отишле синот на Ненси и неговиот пријател. Тие останаа во луксузниот хотел Булгари, со надеж дека и таму ќе ја видат Свифт.

„Се надевавме дека ќе биде во пентхаусот, но таа не беше“, вели Ненси, која признава дека е фан на Свифт 10 години.

Прикажи повеќе...

Забава

30 години јубилеј – 30 години Ѓоко Танески – Време е за концерт

Објавено пред

„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… само дел од хитовите кои ја одбележаа 30-годишната кариера на Ѓоко Танески. Токму овој голем јубилеј е повод за неговиот солистички концерт насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“ закажан на 20 јули во Античкиот театар во родниот Охрид на пејачот.

dobivaj vesti na viber

Го нарекуваат човек глас, пејач со глас како од Бога даден за опејување на можеби најубавите балади… глас кој ги топли душите и ги милува срцата затоа на сцената на Антички очекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.

Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот, а на сцената Ѓоко освен што ќе биде придружуван од Камерниот оркестар од Битола, ќе бидат присутни и неговите специјални гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

Оваа година е јубилејна година за Ѓоко Танески, слави 30-години кариера, а јубилеите имаат смисла само ако се одбележуваат и тоа заедно со драги луѓе. Затоа, на 20 јули, каде и да сте, во Охрид да сте!

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Северна Кореја гради ѕид на границата со Југот

Северна Кореја гради ѕид на неколку локации во близина на границата со Јужна Кореја, откриваат сателитски снимки анализирани од Би-би-си....

Свет28 минути

(Видео) Нетанјаху објави снимка во која ги критикува САД; Белата куќа: Длабоко сме разочарани

Белата Куќа изрази длабоко разочарување поради критиките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон САД, во услови на тензии меѓу двата...

Македонија1 час

Зголемена фреквенција за излез од државата, се чека околу 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет12 часа

Руте е идниот шеф на НАТО – верен сојузник на Украина и жесток критичар на Путин

Холанѓанецот Марк Руте, кој ќе стане нов генерален секретар на НАТО, е жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин и...

Македонија13 часа

Сиљановска и американската амбасадорка разговараа за ЕУ: „Поцесот не смее да трпи притисоци од други земји-членки“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. На средбата беше разговарано за можностите...

Регион18 часа

Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на озлогласен мафијашки клан

Две лица загинаа, а три се повредени утринава на Цетиње во Црна Гора, кога била активирана експлозивна направа во близина...

Македонија19 часа

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето на името

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за радиото „Реал фм“ го коментира ставот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски,...

Македонија20 часа

Мицкоски: Поднесовме предлог-измени на Законот за енергетиката по скратена постапка, со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Изминативе денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија, која практично ќе...

Спорт20 часа

ФФМ од Даку побара да ѝ се извини на македонската држава, а од УЕФА да го казни албанскиот репрезентативец

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по повод навредите кои од теренот на стадионот во Хамбург, ги испрати албанскиот репрезентативец...

Македонија21 час

Сè повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

На секои неколку дена има пријава за змии и во населени места. Центарот за управување со кризи информира дека во...

Македонија23 часа

25-годишен војник почина на Криволак, му се слошило за време на марш

Дваесет и петгодишен професионален војник почина на полигонот Криволак за време на марш кога му се слошило. Се работи за...

Спорт23 часа

(Видео) Албанскиот репрезентативец Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Албанија и Хрватска, вчера во Хамбург, одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а...

Свет23 часа

Семејствата на жртвите бараат од „Боинг“ отштета од рекордни 25 милијарди долари

Семејствата на жртвите на двете несреќи на „боинг 737 макс“ побараа повторно судење и отштета од 24,8 милијарди долари за...

Македонија24 часа

Елфете Исмаили oд Алијансата е кандидат за заменик-министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик-министер за земјоделство

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците одржа состанок, на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната...

Македонија1 ден

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен...

Топ1 ден

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им...

Македонија2 дена

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор...

Економија2 дена

Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги...

Економија2 дена

Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на...

Топ2 дена

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско,...