Македонија
Богоев: Вештачка интелегенција ќе ја унапреди анализата на ризик во царина

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев и директорот на Интернационалната Агенција при Царинската служба на Република Кореја, Јун-Шик Ким, остварија средба во рамки на проектот Имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад што е финансиран со грант вреден 4.8 милиони долари од Корејската Влада.
„Воспоставување на овој систем што ќе користи вештачка интелегеција ќе ја унапреди анализата на ризик во работењето на Царинската управа. Користењето на вештачка интелигенција за селекција на сомнителни декларации за контрола е во насока на прибирање повеќе приходи во Буџетот, како и сузбивање на криминалот и корупцијата. Воспоставувањето на овој систем ќе овозможи подобро таргетирање декларации во коишто постои ризик за плаќање давачки во помал износ, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката“ – истакна Богоев.
Oдлуката за доделување на грантот од Владата на Кореја следеше по тригодишна анализа на македонската Царина по што е одлучено дека како лидери во регионот, овој грант треба да биде доделен на Царинската управа на Република Северна Македонија. Во оваа насока, од страна на директорот на Интернационалната агенција при Царинската служба на Република Кореја, Јун Шик Ким беа поздравени заложбите што ги презема македонската Царина со цел зголемување на ефективноста на Царината и создавање услови за поголема конкурентност на македонската економија.
Од страна на експертите од Кореја беше презентиран и информатичкиот систем за обработка на царинските декларации, како и софтверските решенија за обработка на увозот и извозот на мали пратки во е-трговијата.
„Размената на искуства во делот на е-трговијата е значајна во креирањето политики се со цел унапредување на царинскиот третман во овој дел, како и поголема заштита на финансиските интереси, но и зајакнување на безбедноста на малите пратки“, потенцира Богоев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.