Македонија
Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права
Во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, во Обединетите нации во Женева, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари и низа билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот комесар за човекови права Волкер Турк, како и со високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.
“Мултилатералната соработка се покажа како клучна во остварување на човековите права ширум светот. Токму тоа стана предуслов за успешни комплексни мировни мисии, како што беше неодамнешното успешно извлекување на цивилите од Газа. Во име на Министерството и сите граѓани на Северна Македонија, огромна благодарност за солидарноста, соработка и помошта кога тоа најмногу ни беше потребно, имено при извлекување на нашите државјани од Газа, нивното привремено сместување и примарна здравствена заштита во Египет, по што и нивно упатување кон земјава” рече Османи на средба со директорот на меѓународната организација на миграции, Поуп.
Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека мултилатералните организации имаат значење кога им служат на луѓето, кога се причина за позитивна промена во нивниот живот. Токму оваа беше целта на овогодишното претседавање на Северна Македонија со Организацијата.
“Хуманата димензија беше во фокус на нашето претседавање. Луѓето, без разлика кои се или каде живеат, на сите им требаат истите основни права– мир, безбедност, сигурност и просперитет.” рече Османи.
Теми на разговор беа прилагодувањето на мултилатералните организации кон тековните предизвици на луѓето како и интензивирањето на соработката меѓу организациите во новите геополитички околности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.
Економија
„Алкалоид“ со бизнис план за 2026: продажба од 361 милион евра и раст на добивката
АЛКАЛОИД АД Скопје во својот Бизнис-план за 2026 година предвидува консолидирани приходи од продажби од околу 361 милион евра, што претставува раст од 7 отсто во однос на очекуваните резултати за 2025 година.
Според планот, 91 отсто од продажбите ќе се реализираат преку профитниот центар Фармација, додека 9 отсто ќе отпаѓаат на Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 34 отсто од приходите да бидат остварени на домашниот пазар, а 66 отсто преку извоз.
Планираните финансиски резултати предвидуваат раст од 8 отсто на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA), како и раст на консолидираната нето-добивка од најмалку 7 отсто во однос на 2025 година.
Во делот на инвестициите, Алкалоид најавува вложувања од околу 8 отсто од консолидираните приходи, продолжувајќи ја долгорочната инвестициска стратегија, во чии рамки во изминатите две децении се инвестирани повеќе од 250 милиони евра. Фокусот и натаму останува на модернизација на производствените капацитети и усогласување со најсовремените GMP-стандарди.
Бизнис-планот за 2026 година предвидува и зголемување од најмалку 10 отсто на издатоците за истражување и развој, со цел натамошно унапредување на генеричкото и патентираното портфолио на компанијата.
Во рамки на ESG-стратегијата, Алкалоид ќе продолжи со интеграција на еколошките, социјалните и управувачките стандарди во сите сегменти од работењето. Паралелно, компанијата планира околу 50 нови вработувања во 2026 година и натамошни вложувања во човечкиот капитал.
Акциите на Алкалоид остануваат меѓу најликвидните на Македонската берза, со раст на просечната цена од 24 отсто во 2025 година, додека дивидендната политика ќе продолжи во согласност со остварените резултати и инвестициските потреби.
Бизнис-планот за 2026 година е усвоен од Управниот одбор на компанијата на седница одржана на 29 декември 2025 година.

