Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Чуму потребата на Спасовски да лаже за два клучни моменти од трагичното двојно убиство- дали со тоа се кријат грешките и пропустите во истрагата?

Оливер Спасовски излажа за два клучни моменти во истрагата за исчезнувањето и убиството на велешанецот Панче и малата Вањa, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Прво, возилото на велешанецот Панче било уредно пријавено од страна на семејството кога го пријавиле и исчезнувањето. Оливер Спасовски пред целата јавност манипулираше дека немало пријава за исчезнато возило. Вистината е дека возилото Цитроен било пријавено неколку дена пред киднапирањето на Вања и доколку навремено реагирале институциите до второто кривично дело немало да дојде. Второ, тоа возило Цитроен било возено низ Скопје од 24 ноември. Било “фатено“ на снимките на Сејф Сити и на 24 и на 25 ноември во околината на населбата Маџари, па дури и на кобниот ден 27 ноември во најобезбедуваниот периметар во Скопје и регионот, околината на хотелот Александар Палас“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Спасовски ја излажал јавноста.
„Тој кажа дека возилото не било регистрирано на системот се до денот кога се случило киднапирањето на малата Вања. Ако по возилото се трагало и ако било евидентирано соодветно од системот на МВР, киднаперите ќе биле фатени уште кога стапнале во Скопје. Чуму е таа потреба на Спасовски да лаже? Дали овие лаги имаат за цел да ги покријат грешките и пропустите во истрагата? Дали Спасовски мисли дека со невистини ќе ја замајува јавноста за да не се види дека неказнивоста и лошата реакција на институциите во комбинација се причината за трагичното двојно убиство“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.