Македонија
ВМРО-ДПМНЕ е гнездо на подземје и криминал со дрога, велат од СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога, велат од СДСМ.
„Од политичка партија, прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога, а Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје. ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чуствуваат безбедно“, додаваат од СДСМ.
Оттаму прашуваат ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата, дали тие?
„Лицемерно, ДПМНЕ се гордее со своите конзервативни вредности, а од друга страна е гнездо на структури, кои претствауваат закана за државата, опасност за сите, а особено за најмладите“, завршуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Ја реформираме Македонска пошта и очекувам позитивни резултати наскоро, за претходното менаџирање на потег е Обвинитеството
Работиме на реорганизација и реформи во работењето на Македонска пошта. Резултатите на новото раководство ќе бидат забележани после Нова година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на новинарско прашање во врска со наводите на Државниот завод за ревизија за состојбите во Пошта и зголемување на менаџерските плати на претходното раководство.
„Јас кога ставав министер, 4400 вработени не земаа плата од Македонскa пошти, Железници Транспорт и Железници Инфраструктура. Почнаа редовоно да земаат плата откако станав министер, некои тоа го протолкуваа дека не е голема работа и се слагам дека не е, но и тоа како е голема ако со месеци вработените не земаа плата. Да направите било каква реформа и организација прво треба да им се плати на луѓето тоа што го сработиле.
Бидејќи тој проблем е решен сега одиме на реорганизација на овие три претпријатија и тоа го правиме интензивно и можам да кажам дека ќе ги видите резултатите на Пошта после Нова година и за периодот од август до декември ќе видите една огромна промена, а тоа е период од кога има ново раководство на Пошта“, истакна министерот Николоски.
Тој исто така додаде дека на потег сега е Јавното обвинителство да ја испита работата на претходното раководство по наводите од државната ревизија.
„Драго ми е што Државниот завод за ревизија тоа го констатираше, сега на потег е Обвинителството затоа што извештите на ДЗР одат во Обвинителство. Исто така го повикувам Обвинителството да влезе и да утврди одговорност за сите кои не работеле одговорно и правеле криминал во Пошта. Но исто би сакал да ги повикам и ДЗР и ЈО да ја испитаат и работата на Агенцијата за пошти кое треба да биде регулаторно тело, а тоа е се освен регулатор и да видат како се издаваат лиценци за работење на приватни пошти кои работат буквално од подрум. Дај боже намерата на претходната власт да била приватизација на Пошта, иако јас не се слагам со тоа. Но ниватата цел не била приватизација туку пропаѓање на Пошти и отворање на неколку привати пошти“, изјави министерот Николоски.
Македонија
Пенков: Основниот постулат на буџетот за 2025 година е забрзан економски раст и реализација на крупни инфраструктурни проекти
Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа Предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Златко Пенков кој нагласи дека Владата со буџетот за следната година применува нов концепт и визија кои се базирани на реални макроекономски претпоставки.
„Основниот постулат е забрзан економски раст, пред се како резултат на реализација на крупни инфраструктурни проекти, проектите во единиците на локалната самоуправа како и странските директни инвестиции. Според мене три клучни збора кои мора да ги знаеме а тоа се растот, реализацијата и развојот“, обасни Пенков.
Пенков нагласи дека доколку се направи сублимат од овие три клучни зборови се добива, раст на бруто домашниот производ преку реализација на владините програми за забрзан развој на државата.
„Буџетот претставува слика на општествените потреби од една страна проекции за приходи а од друга страна распределба на расходите. На приходната страна детерминирани се 358 милијарди денари, на расходната страна имаме 400,2 милијарди денари а дефицитот е проектиран на 41,3 милијарди денари. Во делот на приходната страна кај буџетските приходи, спомнатата сума значи раст на наплатата за 13% во споредба со усвоениот ребаланс на буџетот. За 2025 година приходите од данокот на додадена вредност се детерминирани на 86,7 милијарди денари, секако овде доаѓаат акцизите, данокот на личен доход и сл“, рече Пенков.
Тој потенцираше дека даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија, поголема наплата на средствата во државниот буџет за да се постигне целта, односно одржливиот економски раст и развој.
„Даночната политика ќе се базира на намалување на сивата економија која зафаќа 30 до 39% односно пола од економијата отпаѓа на сивата економија, што е незамисливо и недозволиво за една економија како што е македонската. Значи, даночната политика од една страна ќе се базира на намалување на сивата економија, поголема наплата на средствата во државниот буџет, а целта секако е одржливиот економски раст и развој“, рече Пенков.
Македонија
ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси
„Јасно е како ден дека сателитите на Али Ахмети, заслепени од жедта за власт, ја губат секоја честичка на политичко достоинство. Откако ги изневерија гласачите кои некогаш им веруваа со чисто срце, тие се претворија во патерици на ДУИ, надевајќи се на загарантирани позиции. Но, кога нивните интриги пропаднаа, овие разочарани почнаа да испуштаат очајнички крици, слични на вресоците на оние што се дават во тешката болест на политичка депресија“, велат од ВРЕДИ.
„Тие што некогаш беа гласот на надежта, денес се срамот на своите гласачи. Нивната стратегија е лоша копија на ДУИ: манипулации, дезинформации и клевети за да ги прикријат своите неуспеси. Зијадин Села, сега „тивок портпарол“ на Али Ахмети, ја следи темната пропаганда и заштитата на клановите. Неговите малкумина поддржувачи денес се соочуваат со прашањето како завршија бранејќи ги оние против кои некогаш се бореа.
Повеќе од 20 години, неговите ментори ги затвораа очите пред катастрофалната состојба во Кујната на Детската Клиника, ставајќи го во ризик здравјето на новите генерации. Благодарение на коалицијата ВРЕДИ и заложбата на директорот Реџеп Мемеди, по само 4 месеци напорна работа, овој проблем кој со децении беше занемаруван, конечно добива заслужено решение. За нас, здравјето на децата е над секој друг интерес. Времето на манипулациите на Али Ахмети и неговите сателити заврши! Граѓаните веќе се свесни за нивните игри и нема да дозволат повеќе да бидат манипулирани од тие што мислат само на себе и на своите кланови. Коалицијата ВРЕДИ е надежта и решението за Албанците!“, соопшти ВРЕДИ.