Регион
Лекарите во Србија извадија тумор кај девојка тежок 25 килограми: „Никогаш не сме виделе нешто слично“

Професорот Александар Стефановиќ, директор на Клиниката во Вишеградска и анестезиологот Жана Ивковиќ зборуваа за големиот потфат на целиот тим српски лекари кои извадија тумор поголем од еден метар во дијаметар и тежок дури 25 килограми од 22- годишно девојче. Според лекарот, девојката која итно била примена на Вишеградска дошла со исклучително тешка клиничка слика – покрај голема туморска маса и појава на сепса, пациентката била заразена и со корона.
Анестезиологот Жана Ивковиќ истакна дека целиот тим анестезиолози морал да го менаџира овој случај.
„Пациентката е примена како итен случај од регионалниот здравствен дом во многу тешка општа состојба. Имено, се работи за пациентка која бил примен со голема туморска маса, која ја зафатила целата абдоминална празнина и малата карлица и вршела притисок на околните органи. Исто така, морам да кажам дека оваа пациентка е примен со знаци на сепса. Сите нејзини витални органи биле сериозно загрозени. Имаше многу висока температура, потоа забрзан пулс, проблеми со дишењето, тешко дишеше, имаше екстремно високи параметри за инфекција“, вели Ивковиќ.
Тешката здравствена состојба на пациентката дополнително ја влошила коронавирусот со која била заразена.
„Примена е со знаци на сепса, загрозени се сите витални органи, витално загрозена. Морам да нагласам дека беше исклучително млада и екстремно здебелена, а пред девет дена беше заразена и со Ковид. Загрозени и беа сите витални органи. За тој краток период и беа направени сите анализи и беше подготвена за операција“, вели Ивковиќ.
Професорот Александар Стефановиќ вели дека тоа бил еден од најголемите тумори што ги видел.
„Со вакви тумори се среќаваме, но не многу често. Ми заѕвони телефонот, тоа беше началникот на одделението во Сремска Митровица, кој беше малку исплашен поради состојбата на пациентот. Секако дека прифативме таква жена, бидејќи ако не го решиме случајот, нема да се реши. Од хируршки аспект, во оваа операција учествуваше голем тим. Ние сме гинеколози кои се занимаваат со хирургија. Зад сето тоа стои цел тим“, вели Александар Стефановиќ.
Тој посочува дека се внимавало да се зачуваат репродуктивните органи на пациентката (22) од која е отстранет огромен тумор.
„Направивме огромен рез, не можевме да го отстраниме туморот бидејќи беше толку голем. Дури и 25 килограми и околу 70 сантиметри, тоа е еден од најголемите тумори што сум ги видел во животот. Туморот ги притискаше сите органи. И бубрезите и црниот дроб и мочниот меур. Левиот јајник беше зафатен. Сето тоа моравме да го извадиме. Останаа матката и десниот јајник“, вели Стефановиќ.
Како што вели, потребно е долго време за да порасне таков тумор, а на прашањето зошто девојката не забележала дека има нешто толку големо во стомакот, пациентката одговорила дека чувствува само дека има нешто „тврдо“.
Според анестезиологот Жана Ивковиќ, пациентката е успешно оперирана и продолжува да закрепнува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во насилствата по студентските протести во Белград. Тој најави дека ќе следуваат нови апсења, бидејќи, како што рече, сѐ уште се врши идентификација на осомничените.
„Ова не е крај, лицата се идентификуваат, на тоа работи БИА“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија не може да се победи со насилство: „Неа не можете да ја победите со насилства, таа не запре и нема да застане“.
Тој оцени дека повиците на крајот од протестот, особено изјавата „имате зелено светло“, претставуваат директен повик за граѓански конфликти и напади врз полицијата.
„Ги повикувам надлежните обвинителства да си ја работат својата работа, да не се преправаат дека се неспособни и наивни. Доаѓа време на одговорност, почитувани граѓани“, додаде Вучиќ.
На заедничката прес-конференција, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ информираше дека по протестот се приведени 77 лица, од кои 38 се задржани, а меѓу нив има и едно малолетно лице.
„Против 35 лица ќе бидат поднесени кривични пријави, а против 26 лица ќе се води прекршочна постапка“, изјави Дачиќ, додавајќи дека се повредени 48 полицајци, од кои еден со тешки повреди на главата, а уништена е и значителна количина заштитна опрема.
Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, остро го осуди насилството и побара сите страни да се воздржат од дополнително разгорување на тензиите.
„Србија е демократско општество во кое мислењата мора да се изразуваат на мирен и цивилизиран начин, без загрозување на безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир“, изјави Мацут.
Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата и безбедносните служби за брзата и професионална интервенција.
Своја реакција имаше и претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, која обвини дека студентите на протестот упатиле повик за граѓанска војна.
„Блокаторите не го завршија својот митинг на Видовден со зборовите ‘Да живее Србија’, туку со морничав повик за убивање на Србија – монструозен и отворен повик за граѓанска војна. Памти Србијо“, напиша таа на мрежата Икс.
Блокадери свој скуп на Видовдан нису завршили речима – Живела Србија. Завршили су језивим позивом на убиство Србије, монструозним и отвореним позивом на грађански рат. Памти Србијо. pic.twitter.com/IiOiU3A0Kl
— Ana Brnabic (@anabrnabic) June 28, 2025
Регион
(Видео) Македонски камионџија уапсен во Грција по несреќата во која загинаа татко и дете

34-годишен возач на камион од Македонија е уапсен вчера попладне во Грција, откако учествувал во страшна сообраќајна несреќа во која животот го загубија татко и неговиот 13-годишен син. Трагедијата се случила на стариот магистрален пат Солун – Верија, околу 16 часот.
Според информациите на грчкиот портал protothema.gr, до несреќата дошло на делницата меѓу Халкидони и Лудија, каде под сè уште неразјаснети околности дошло до жесток фронтален судир меѓу камионот и патничко возило во кое патувало четиричлено семејство.
Во судирот, 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, а неговиот 13-годишен син им подлегнал на повредите кратко потоа. 43-годишна сопруга и нивниот 9-годишен син се здобиле со тешки повреди и биле веднаш пренесени со возило на итната медицинска служба ЕКАБ во болницата „Гениматас“ во Солун.
Според близок роднина на семејството, трагедијата се случила додека се враќале од патување и шопинг во Солун кон нивниот дом во едно село во регионот Пела. Роднината вели дека семејството е во целосен шок, а точните причини за несреќата засега остануваат непознати.
Фотографиите од местото на трагедијата, објавени од protothema.gr, прикажуваат целосно деформирано возило, што сведочи за силата на ударот. Грчката полиција продолжува со истрагата за да ги утврди причините за фаталната несреќа.
Регион
(Видео) Протестот заврши, хаосот почна! Еве што се случуваше откако студентите се повлекоа од белградските улици

Синоќа во Белград се одржа масовен протест во организација на студентите под слоганот „Се гледаме на Видовден“, на кој, според проценките, учествуваа десетици илјади граѓани.
MUP kaže da je na Slaviji 36.000 ljudi, a vi pogledajte snimak iz drona N1 i prosudite sami. pic.twitter.com/oidIEKlDJ7
— TV N1 Beograd (@n1srbija) June 28, 2025
Протестот помина мирно сè додека не беше прогласен крајот од страна на организаторите, по што студентите се повлекоа.
“Uništavaju sve čega se dohvate – Kosovo i Metohiju, vodu, zemlju, vazduh, univerzitet” – akademik Slobodan Vukosavić pic.twitter.com/zwn5JdqoTY
— TV N1 Beograd (@n1srbija) June 28, 2025
Ситуацијата ескалираше веднаш потоа, кога група маскирани лица влегоа во судир со припадниците на полицијата. Безбедносните сили употребија солзавец за да ги растераат присутните, а улиците останаа преполни со граѓани. Полицијата потоа започна со насилно растерување на толпата, што дополнително ја вжешти атмосферата во центарот на српската престолнина.
U Ulici Kneza Miloša došlo je do intervencije Policijske brigade koja je u jednom trenutku počela da potiskuje građane. Nakon potiskivanja, policija je počela jače da odguruje građane okupljene kod Londona, ljudi idu niz Ulicu kneza Miloša. Čuju se topovski uidari i upotrebljen… pic.twitter.com/GYbAOw4a48
— TV N1 Beograd (@n1srbija) June 28, 2025
23.40h žestoka intervencija u kralja aleksandra pic.twitter.com/yiirFEROuj
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) June 28, 2025
Истовремено, пред зградата на Владата на Србија се одржа контра-настан во форма на „литературна вечер“, организиран од поддржувачите на власта.
Incidenti kod turske ambasade, bačeno je nekoliko topovskih udara i petardi, javlja naš reporter. pic.twitter.com/FGauiM6xIA
— TV N1 Beograd (@n1srbija) June 28, 2025
Протестите на студентите траат уште од ноември минатата година, кога на Железничката станица во Нови Сад се случи трагична несреќа во која животот го загубија 16 лица, меѓу кои и еден македонски професор.
Токму таа несреќа беше иницијална каписла за студентското движење кое со месеци бара отчетност, реформи и оставки.