Македонија
(Видео) Костовски: Нов скандал, Мицкоски во друштво со дилер од Струга, ДПМНЕ стана гнездо на подземје

Нов ден нов скандал со дрога поврзан со криминалната ДПМНЕ. Христијан Мицкоски е во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, приведен на 24.11.2023, како дел од организирана криминална група, која се занимавала со недозволена трговија со дрога и оружје.
ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога, истакна на денешната прес-конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
„Со дрога беше фатен и истакна член на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани.
Мицкоски го видовме во друштво како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.
Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје.
ДПМНЕ повеќе не е политичка партија, туку прерасна во расад на криминални групи и гнездо на конзументи на дрога.
Тие се опасност за сите особено за најмладите.
Не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Мицкоски по кафеани.
ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чувствуваат безбедно“, додаде тој.
Според него, радикални групи, националисти, насилници а сега и шверцери на дрога имаат очигледно влијание врз Мицкоски.
„Доколку ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата? Тие се разбира.
Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори какви услуги користи од нив?
Мицкоски со денови не кажува ни какви биле односите и за што разговарал на состаноците со Палевски. Вакво ДПМНЕ претставува опасност по сигурноста на граѓаните“, вели Костовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска на ул. Будимпештанска 26А поради дефект во шахта (промена на вентил од ф 3/4), со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Осло, Хашка, Будимпештанска и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.(општина Карпош)
Македонија
Денес втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток во 12 часот.
Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.
На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Македонија
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денес ќе биде потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени, јавува УХМР.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.