Македонија
Левица е против штетниот ДУП за Алумина

На граѓанскиот собир на кој се разговараше за промените во ДУП-от кај Алумина, присуствуваа советници од различни советнички групи во Советот на општина Карпош, граѓански здруженија, иницијативи, жители од општината, членови на политички партии.
Овој ДУП, велат од Левица овозможува, целиот простор да го направи со еден голем блок од 35 ката или со повеќе 35 катници, со што целосно би се задушил просторот во тој дел и од ваквото решение штета ќе имаат не само жителите кои ќе живеат во тие блокови туку и целото соседство.
Левица како партија која работи за интересот на граѓаните, како што велат, јасно ги детектираа проблемите во урбанистичките планирања како што се носењето на ДУП-овите. Овие проблеми, според партијата, во голема мера произлегувааат од законските одредби кои се кроени во интерес на урбаната мафија, а воедно законската примена е во голем дел и изиграна заради длабоките криминални практики во секој сегмент на урбанизмот, од планирање до изведба.
Според Левица, граѓаните треба да знаат дека само партија има моќ да ги смени законите и да воспостави цврсти механизми за нивно доследно спроведување.
„Во таа насока, Левица ќе се насочи кон измена на штетните законски регулативи и правилна примена на истите.
Дополнително, на седницата на Советот на општина Карпош кога ќе биде ставена точката за предвидениот ДУП на гласање повторно ја информираме јавноста дека нашата советничка група ќе гласа против вакво штетно решение“, се истакнува во нивната реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата.
Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива.
„Ако сакаме да го намалиме загадувањето на воздухот, мораме конкретно да им помогнеме на домаќинствата. Затоа, Градот ќе обезбеди субвенции за сите граѓани кои повторно ќе се приклучат на централното греење, како и за новите семејства што ќе се вклучат во системот,“ додаде таа.
Шукова нагласи дека програмата на СДСМ предвидува серија мерки, кои се поделени на краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија, а две од нив се особено важни за зимскиот период што следува:
• Директна финансиска поддршка за приклучување на постојната мрежа за централно греење;
• Помош и поддршка за најранливите категории граѓани, за тие да добијат еколошко и безбедно решение за затоплување.
Сакаме процесот да биде едноставен, транспарентен и брз — без бирократски пречки. Секое домаќинство треба да има јасна постапка и поддршка од градот,“ нагласи Шукова.
Во рамките на програмата, Градот ќе обезбеди и чистење и одржување на оџаците, како и 5000 бесплатни филтри секоја година за домаќинствата кои се загреваат на цврсти горива, со цел намалување на ПМ честичките во воздухот.
„Загадувањето во Скопје не смее да биде зимска судбина. Таму каде што има централно греење, ќе воведеме забрана за користење дрва и јаглен, затоа што тоа е директна инвестиција во здравјето на сите скопјани,“ изјави таа.
Шукова додаде дека оваа политика е пред сè здравствена и еколошка, а не само енергетска мерка:
„Чистиот воздух не е луксуз, тоа е основно право на секој граѓанин. Со модернизација на топлификацискиот систем и заедничка акција на сите општини, ќе обезбедиме Скопје конечно да дише чист воздух.“
Посетата на општина Кисела Вода е дел од низата теренски активности на кандидатката Шукова, каде таа непосредно се среќава со граѓаните и ги претставува конкретните решенија од својата програма за почисто, зелено и здраво Скопје.
Македонија
Левица со народен собир во Кичево

Во Кичево денеска се одржа народен собир на Левица, на кој беше промовирана советничката листа и програмата за локалните избори. На настанот присуствуваа носителот на листата за советници Бојан Мишковски, генералниот секретар на партијата и кандидатка за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, како и претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
„Денес сме овде заедно со граѓаните на Кичево за да ја промовираме нашата кандидатура и она што Левица сака да го застапува во градот. Се надеваме дека ќе добиеме доволен број на гласови за да имаме два, три, па дури и пет советници кои ќе можат реално да влијаат врз локалните политики“, изјави носителот на листата Бојан Мишковски.
Тој истакна дека Левица има силна програма која се осврнува на клучните проблеми на Кичево. „Иако сме во 21 век, има места кои немаат канализација, вода за пиење, ниту асфалтирани патишта. Градот се соочува со огромно иселување – резултат на лошите политики и на локално и на централно ниво. Нашата цел е Кичево да заживее и да се создадат основни услови за достоинствен живот. Дополнително ќе вложиме во културата, спортот и секојдневниот живот на кичевчани“, порача Мишковски.
Тој додаде дека програмата на Левица е достапна во дигитална форма на веб-страницата на партијата и повика граѓаните активно да комуницираат со кандидатите. „Отворени сме секој понеделник и среда од 19 часот за сите критики, поплаки или идеи што може да се имплементираат во нашето делување“, нагласи Мишковски.
На новинарско прашање за ставот кон кандидатите за градоначалници, бидејќи Левица во Кичево настапува само со советничка листа, Мишковски одговори: „Левица предизборно не прави коалиции и не поддржува ниту еден кандидат. Ги повикуваме граѓаните да излезат на гласање и да си го искажат своето право, а за кого ќе гласаат е нивна одлука и нивна слобода“.
Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, во своето обраќање го претстави носителот на листата Бојан Мишковски како препознатлив активист меѓу кичевчани, кој беше еден од предводниците на протестите против депонијата – „рак рана на Кичево“.
Мојсоска истакна и поширок политички контекст на овие избори. „Ние како опозиција настапуваме во избирачки систем со тоталитарни услови, креирани од една авторитарна власт која не бира методи за да го угуши секој глас. Народот тоа го гледа секојдневно, преку цензурата на Левица, преку противзаконското следење на опозициски пратеници, сè со цел да се спаси рејтингот на една влада која имаше најлош старт во последните 35 години“, нагласи таа.
Таа додаде дека Левица, и покрај црната кампања наметната од власта, води позитивна изборна кампања. „Како парламентарна партија во изминатата година покажавме и докажавме дека имаме предлози и проекти што отстапуваат од сите други партии. Иако поради ароганцијата на власта не беа прифатени во Собранието, убедени сме дека граѓаните ќе го препознаат тоа“, рече Мојсоска.
„Она што ме радува е што Левица ќе има свои претставници во Советот на Општина Кичево. Како што во Собранието ја подигнавме транспарентноста и политичкото делување, истото ќе го направиме и во Советот на Кичево, конечно советниците ќе бидат вистинскиот глас на народот“, порача Мојсоска.
Македонија
(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа кажа дека договорот е склучен на 19 септември годинава, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг и е вреден 55 илјади евра.
„Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“. Јавно на прес конференции целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ бараше реакции од Обвинителството, обвинуваа дека оваа фима, ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби и партиски зделки“. Лично Мицкоски зборуваше за „нов голем епски криминал“ и бараше кривична одговорност. Највуваа раскинување на договорот, репреговарање, што ли уште не. Тоа беше ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денеска гледаме дека се ова било лага до лага.
Наместо истрага – договор. Наместо одговорност – соработка. Ова е врв на политичко лицемерие, театар за јавноста во режија на Мицкоски и ДПМНЕ“, истакна Кузеска.
Таа побара Мицкоски јавно да излезе и да им се извини на граѓаните за, како што рече, сите негови лажни изјави, а Николовски да одговори зошто е склучен договор со ИРД Инженеринг.