Спорт
Тен Хаг: Не го заслуживме поразот, игравме добро
Манчетер јунајтед имаше епизодна улога во А групата во Лигата на шампионите. Во конкуренција на Баерн Минхен, Копенхаген и Галатасарај, Јунајтед заврши на последното место во групата.
Синоќа на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед со пораз (0:1) од Баерн ја заврши европската авантура за сезоната 2023/204.
Долго ќе се анализира овој дебакл на Манчестер јунајтед, кој урна негативен рекорд, откако Андре Онана прими 15 гола во шест натпревари. Ниту еден англиски клуб не капитулирал толку пати во фазата по групи во Лигата на шампионите.
„Бевме добри вечерва, особено во дефанзивата, но тоа не е доволно против тим како Баерн. Тие имаат индивидуален квалитет и ги завршуваат натпреварите со еден потег, тоа го видовме вечерва“, изјави Тен Хаг и продолжи:
„Вечерва не ја загубивме Лигата на шампионите, тоа им е јасно на сите. Имавме добри натпревари оваа сезона, но тоа не беше доволно за нешто повеќе. Не заслуживме да го загубиме овој натпревар“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда го растури Штутгарт, Џирона со Миовски падна во Грац
Црвена звезда и Штурм Грац ги забележаа првите победу оваа сезона во Лигата на шампионите. Џирона со Бојан Миовски доживеа (не)очекуван пораз во Штурм (1:0), а Црвена звезда го декласира Штутгарт во Белград (5:1).
На „Рајко Митиќ“ во Белград 40.000 гледачи видоа рапсодија на црвено-белиот тим. Српскиот првак го декласира германскиот вице-шампион со 5:1.
Не почна добро натпреварот за домашниот тим, Демировиќ му донесе предност на Штутгарт во петтата минута и тоа беше се од „швабите“ на овој натпревар.
Играчот на Штутгарт, на позајмица во Црвена звезда, Силас, во 12.минута по соло акција изедначи. Целосен пресврт домаќинот направи во 31.минута кога Круниќ го совлада Нибел.
Во вториот дел Црвена звезда ги затвори приодите кон својот гол и го уништи Штутгарт од контра напади. Постигнаа три гола, а можеа уште толку.
Иваниќ погоди за 3:1, а точка на мечот стави Радоњиќ со два гола.
Штурм во Грац ја забележа историската прва победа во ЛШ. Австрискиот првак ја победи Џирона со 1:0. Натпреварот го реши Бирет со голот во 59.минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот на теренот беше до 67.минута.
Спорт
„Ел Пистолеро“ го продолжи договорот со Интер
Уругвајскиот центарфор Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.
Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.
Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.
Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.
Спорт
Нова престижна награда за „златното момче“ на Барселона
Асот на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во светот, „Златно момче“. Најдобриот млад играч во изборот „Тутоспорт“ секоја година го избира новинарско жири од 50 експерти од најзначајните европски весници.
Од можни 500 поени во гласањето, Ламин Јамал освоил 488, објави „Тутоспорт“.
Ламин Јамал доби уште една индивидуална награда, претходно беше прогласен за најдобра млад игра на Европското првенство, а потоа истата награда ја доби и на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Петит пат откако се доделува наградата таа оди на Принејскиот полуостров. Претходни лауретаи беа Сеск Фабрегас (2006), Иско (2012), Педри (2021) и Гави (2022).