Македонија
Мрежата за заштита од дискриминација: За членови на Комисијата, Собранието да избере независни професионалци
Мрежата за заштита од дискриминација му порача на Собранието да избере независни професионалци, кои ги исполнуваат законските услови за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Следната недела во Собранието ќе се одржи јавна расправа за утврдување предлог-листа од пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Собранието ја објави и листата на пријавени кандидати заедно со документите што ги приложиле до Комисијата за прашањата за изборите и именувањата.
Од првичниот преглед на кандидатите Мрежата за заштита од дискриминација утврдува дека помеѓу нив има независни експерти со долгогодишно докажано искуство во областа на антидискриминацијата и човековите права. Оттука, сметаат дека Собранието може да направи избор на квалитетни кандидати, кои уште повеќе ќе ја унапредат работата на КСЗД.
Законските критериуми за избор на членови на КСЗД се: седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација; 240 ЕКТС -кредити; да е државјанин/ка на РСМ; во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење професија, дејност или должност и да не е носител на функција во политичка партија.
„Бараме Комисијата за прашањата за изборите и именувањата воопшто да не ги земе предвид кандидатите за кои е јасно дека не ги исполнуваат законските критериуми и да не ги повика на интервју. На ваков начин ќе се превенира незаконски избор на кандидати што не исполнуваат критериуми, а воедно ќе остави простор за дискусија и за избор на најдобрите кандидати од пријавените. Го повторуваме клучното барање: Собранието да избере независни канидадти/ки по заслуга, кои ги исполнуваат законските критериуми, а да не прави избор по партиски клуч.
КСЗД е независно тело за еднаквост, чија ефикасност, непристрасност и исполнување на надлежностите е директно зависно од знаењата, екпертизата и интегритетот на комисионерите/ките. Кандидати што немаат знаења и се избрани по партиски клуч не може да штитат и да превенираат од дискриминација, особено имајќи предвид дека тие мандатот им го должат на партиите, а не на сопственото знаења и искуство. Оттука, наместо еднаквоста на граѓаните, овие кандидати ќе ги штитат партиските и личните интереси од позиција на членови на КСЗД.
Потсетуваме дека КСЗД упеа да се промовира како ефикасна институција, а резултатите од работата беа препознаени и од страна на меѓународната заедница и Европската комисија. Европската комисија континуирано бара да се доекипира КСЗД и да се изберат членови по мерит. Избор на партиски кадри без искуство и знаење од областа значи ризикување на досега постигнатите резултати од областа на антидискриминација, клучна и за процесот на интергација во ЕУ.
Потсетуваме на законската обрвска членовите на Комисијата да го одразуваат составот на општеството во целина и при изборот на членовите да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество. Оттука, бараме Собранието да избере минимум 3 жени, како и припадници на други маргинализирани групи, како лица со попреченост, ЛГБТИ, Роми и други, кои ги исполнуваат законските критериуми“, велат од Мрежата за заштита од дискриминација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

