Скопје
(Видео) Јакимовска Панчевска: Доколку Стевчо Јакимовски сака да бара бетонски зданија, нека се слика пред неговите во Карпош
„Доколку Стевчо Јакимовски сака да бара бетонски зданија нека се слика пред сите бетонски зданија во Карпош кои се врзуваат со неговата работа. Туку одговорите на дилемите да ги побара на друго место. Бетонизацијата на Стевчо Јакимовски не ја пратат инвестиции во делот на проширување на капацитетот на атмосферската канализација, водоводната мрежа, напротив за зграда повеќе на урбаната мафија се руинира животот на граѓаните кои веќе живеат во општина Карпош“, рече Адријана Јакимовска Панчевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.
„Со Стевчо Јакимовски во Карпош нема нови паркови, нема нови зелени површини, само бетонизација. Изговорот дека зад ДУП-от се кријат нови паркинг места е само блед обид да го протне бетонското чудовиште кај „Алумина.
Јакимовски единствен интерес кој го има е штанцање на што повеќе маркици за згради на нему добро познати инвеститори, а не за интересот на квалитетното, урбаното и хумано живеење.
Јакимовски наместо да биде градоначалник и да работи со цел креирање подобри услови за живот на жителите во општина Карпош се претвора во мегафон на други профитно заинтересирани центри.
А, со фактот што не прави прес конференции пред Владa, а редовно се обраќа пред седиштето на опозицијата покажува дека Стевчо Јакимовски е привезок на власта.
Правењето на пресови пред седиштето на опозицијата е погрешна адреса. Одговорите на дилемите околу зградата да ги бара на друго место, знае точно каде и на кои адреси“, изјави Адријана Јакимовска Панчевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

