Спорт
(Видео) Сити победи во Белград, Лајпциг подобар од Јанг Бојс
Заврши групната фаза во Г групата, во Лигата на шампионите. Во последното коло фаворитите во групата Манчестер сити и Лајпциг славеа над Црвена звезда односно Јанг Бојс.
Манчестер сити ги забележа сите шест победи во групата, Лајпциг доживеа два порази, двата од актуелниот европски првак.
„Граѓаните“, во комбиниран состав славеа во Белград со 3:2. Младиот Хамилтон постигна еден гол и избори пенал и беше најдобра играч на теренот.
На „Рајко Митиќ“, Сити максимално ги искорсит своите шанси, за разлика од Црвена звезда. „Граѓаните“ три пати шутираа во голот и постигнаа три гола. Црвено-белите упатија шест топки кон Ортега, два пати погодија. Голманот на Сити се истакна во раната фаза од вториот дел кога во еден напад одбрани два чисти гола.
Хамилтон го постигна првиот гол во 19.минута, а откако Звезда не ги реализираше своите шанси Боб во 62.минута зголеми на 0:2.
Хванг во 76.минута ги врати надежите на домаќинот, кои со наивно направен пенал ги уништи Џига во 83.минута. Пеналот го реализираше Филипс. Конечните 2:3 ги постави Катаи во 91.минута.
Во Лајпциг целиот натпревар меѓу домаќинот и Јанг Бојс застана во пет минути.
Шешко постигна гол во 51., изедначи Коли во 53., а конечниот резултат го постави Форсберг во 56.минута.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Уште еден тренер во Премиер лигата ќе остане без работа
Тотенхем целосно ја изгуби довербата во Томас Франк и се очекува наскоро да му врачи отказ.
Поразот од Астон Вила и елиминацијата од ФА купот, ја прели чашата на „Вајт Харт Лејн, клупските челници се подготвени да го заменат Томас Франк, кој целосно потфрли откако го замени Ангелос Постекоглу.
Под палката на Франк, Тотенхем забележа само 11 победи во 31 натпревар, со осум нерешени резултати и дури 12 порази, и не изгледа дека Данецот може да ја подобри формата на тимот.
Освен резултатите, прилично неубедливата и играта, во споредба со минатата сезона со Постекоглу.
Засега нема индикации кој би можел да биде замена за Франк, особено среде сезоната. Најценетите менаџери во Премиер лигата се Андони Ираола и Оливер Гласнер, но тие нема да ги напуштат Борнмут и Кристал Палас пред крајот на сезоната.
Се шпекулираше дека Тотенхем би бил среќен да го врати Маурисио Покетино, но Аргентинецот е фокусиран на натпреварување на Светското првенство со селекцијата на САД. Сепак, тој е под договор на крајот на Мундијалот и нема да биде достапен до летото.
Спорт
(Видео) Египет е во полуфиналето на АК – Салах: Важно народот да биде горд
Египет се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации откако го победи бранителот на титулата Брегот на Слоновата Коска со 3:2 во драматичен натпревар.
Херој на Египет, беше Мохамед Салах, кој постигна гол и забележа асистенција, а на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.
„Пресреќен сум што поминавме понатаму. Натпреварот беше многу тежок, гледавте, пет гола, беше интересно да се гледа, но не и да се игра. Сепак, мило ми ешто на крајот успеавме да поминеме“, рече Салах.
Капитенот на Египет нагласи дека индивидуалните перформанси не се одлучувачки и дека заслугата му припаѓа на целиот тим.
„Важно ми е да видам дека египетскиот народ е горд на она што го направив и им се заблагодарувам уште еднаш. Но, вистинската тајна на денешната победа се играчите. Тие дадоа сè од себе.“
Египет брка рекордна осма титула во Африканското првенство, а полуфиналниот натпревар против Сенегал е закажан за среда во Тангер. Нигерија и Мароко ќе играат во второто полуфинале.
foto/ EPA
Спорт
Сабаленка го освои Бризбејн
Арина Сабаленка ја отвори новата сезона со трофеј на турнирот во Бризбејн.
Белоруската тенисерка рутински славеше во финалето против Марта Костјук со 2:0 (6:4, 6:3).
Арина ја освои својата 22-ра титула во кариерата и прва од Отвореното првенство на САД во 2025 година. Ова е нејзина шеста титула на турнирите од Серијата 500.
Сабаленка ги отвори двата сета со 3:0 и брзо стави до знаење во која насока оди овој натпревар, и дека ќе го освои купот во Бризбејн без премногу проблеми.
Следниот предизвик за Сабаленка е Отвореното првенство на Австралија, каде што освои два трофеи во последните три години. Минатата година, во финалето беше поразена од Медисон Кис.
Foto/ EPA

