Македонија
Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Данска, Шведска, Норвешка и со Финска
Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи на Северна Македонија со Данска, Шведска, Норвешка и со Финска се одржа вчеравечер во Скопје.
„Изминативе 30 години секоја од вашите држави засебно, но и Нордискиот Регион во целина, служеа како позитивен пример не само за македонската држава и општество туку и за Југоисточна Европа. Наспроти хроничните балкански расправии и блокади, вие во континуитет ја нудите нордиската парадигма на соработка и интеграции. Вашата поддршка за нашите европски интеграции не е само декларативна, туку и многу практична, бидејќи директно и конкретно вложувате во владеењето на правото, социјалната правда и квалитетот на животот.
Но, за жал, овој празник на светлината го одбележуваме во исклучително темни времиња на војни и страдања, на омраза и насилство, на помрачени умови и невини жртви. Корупцијата, социјалната нееднаквост и блокадата на евроинтеграциите се дел од македонските предизвици“, рече Пендаровски.

„Во овој мрачен период има две личности кои со своите животи го имаат исполнето значењето на сопствените имиња. Првата личност е самата Луција, чие име доаѓа од латинскиот збор Lux, што значи светлина, светицата од југот на Европа, во чиј животопис ги препознаваме доблестите неопходни за да се издржат и најмрачните периоди. А тоа се: солидарност кон сиромашните, сочувствување со маргинализираните, личен интегритет и отпор против неправдата.
Втората личност е Даг Хамершелд, името Даг доаѓа од старонордискиот збор што значи дневна светлина, миротворецот од северот на Европа. Како генерален секретар на Обединетите нации во 1953 година, пред точно 70 години, тој запиша: „добрината е нешто толку едноставно: секогаш да живееш за другите, никогаш да не ја бараш твојата корист“. Издигнат на општествено ниво, овој принцип би значел враќање на општото добро и на јавниот интерес во центарот на општествениот и политичкиот живот.
И покрај предизвиците, Северна Македонија мора да продолжи со реформскиот процес и со изградбата на функционална правна држава. Верувам дека и во иднина ќе ја имаме целосната поддршка од вашите држави на овој план. Сè уште постојат и неискористени потенцијали за економска, образовна и културна соработка меѓу нас. Верувам дека односите на пријателство ќе продолжиме да ги развиваме во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, обединета и просперитетна Европа“, изјави претседателот Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

