Европа
Масовен напад на Украина: Путин лансира над 40 беспилотни летала, најтешко погодено клучното пристаниште
Русија синоќа лансира 42 беспилотни летала и шест проектили кон Украина, од кои украинската воздушна одбрана уништи 41, но нивните остатоци оштетија згради, магацини и повредија 11 лица во јужните региони, соопшти денеска украинската армија.
Беа лансирани беспилотни летала „Шахед“, а повеќето од нив беа соборени во регионот на Одеса, соопшти украинското воздухопловство на „Телеграм“.
Украинската војска соопшти дека делови од соборените беспилотни летала оштетиле повеќе од 10 згради во Одеса и повредиле 11 цивили, меѓу кои и три деца.
Војската соопшти дека Русија ја нападнала пристанишната инфраструктура во областите околу Дунав и дека биле оштетени две складишта за жито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Кон kралот на Шпанија фрлаа кал: „Ја разбирам фрустрацијата на луѓето“
Градоначалничката на Паипорта, град во Шпанија каде жителите фрлаа кал врз кралот и премиерот, нарекувајќи ги „убијци“, рече дека тоа е „крик на очај од луѓето напуштени“ во поплавите.
„Ја разбирам фрустрацијата и очајот на луѓето“, рече 45-годишната градоначалничка Марибел Албалат во телефонски разговор за јавната телевизија ТВЕ.
„Тоа беше крик на очај од напуштени луѓе“, додаде таа.
BREAKING: King of Spain attacked by angry people while visiting the disaster area in Valencia pic.twitter.com/fE8K1HQI12
— AlexandruC4 (@AlexandruC4) November 3, 2024
Паипорта се наоѓа на 7 километри југозападно од градот Валенсија. Тоа е најпогоденото место од поплавите во кои од вторникот вечерта загинаа најмалку 217 луѓе во југоисточна Шпанија.
„Повеќе од 70 луѓе загинаа во нашиот град. Но, тоа е информација од пред два дена, не добивме нови информации“, рече Албалат.
Таа рече дека знаела дека ќе има трагична несреќа штом реката почне да се излева во вторник навечер.
Европа
Руси нападнаа супермаркет во центарот на милионскиот град
Русија синоќа изврши нов напад врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, а најмалку пет лица се повредени, изјави гувернерот на регионот Харков, Олех Синјехубов.
Водена руска бомба паднала врз супермаркет во центарот на Харков, кој се наоѓа во градски кварт полн со високи станбени згради. Пред нападот на супермаркетот, руските сили извршија напади и врз Харков, погодувајќи ги помалку населените области.
A supermarket in Kharkiv. Fuck ruzzia! pic.twitter.com/0LQtbl8r8Y
— channsq (@channsq1) November 3, 2024
Синјехубов исто така изјави дека руската армија удрила станбена зграда во Кившаривка, мал град источно од Харков. Во тој напад е повредено едно лице, но се стравува дека многу луѓе се заробени во урнатините. Гувернерот на регионот Харков додаде дека континуираното гранатирање од руска страна создава дополнителен проблем за спасувачките сили на теренот.
Последниот голем напад на Харков го изврши Русија на последниот ден од октомври, кога беше погодена станбена зграда, при што загина 11-годишно дете, а тешко и полесно беа повредени најмалку триесетина луѓе.
Европа
Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од 2022 година
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, објави во петокот „Ведомости“ цитирајќи ја портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Тоа ќе биде негова прва посета на која било земја од Европската Унија откога Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година.
Амбасадата на Малта во Русија потврди за „Ведомости“ дека одлуката да се одржи состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на островот на 5 и 6 декември „се однесува на сите членки, вклучително и на Руската Федерација“.
„Делегациите на ОБСЕ се редовно информирани за напредокот на подготовките. Дополнителни практични детали, вклучително и покани, ќе им бидат испратени до сите делегации на ОБСЕ во догледно време“, соопшти Амбасадата.