Свет
Убиени уште двајца заложници држени од Хамас во Појасот Газа: телата сè уште се во рацете на милитантите

Израел потврди дека се убиени уште двајца заложници што ги држела палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.
Убиството на Тал Хаими и Џошуа Луит Молел, кои ги држеше Хамас, го потврдија и нивните кибуци, пишува „Џерусалим пост“.
Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на Нир Јоцак, и Џошуа Луито Молел, жител на Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека нивните тела сè уште ги држи палестинската милитантна група.
Two hostages, Tal Chaimi from Kibbutz Nir Yitzhak and Joshua Loitu Mollel from Kibbutz Nahal Oz, were confirmed murdered in Hamas custody on Wednesday evening. Their bodies are still held by Hamas. Learn more: https://t.co/YXxWjipsgC pic.twitter.com/ww3ZsMVA6X
— The Jerusalem Post (@Jerusalem_Post) December 13, 2023
Хаими, кој беше киднапиран во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, беше дел од одредот испратен да го одбие нападот на Хамас додека не пристигнат засилувањата. Новите докази покажуваат дека тој бил убиен истиот ден и дека неговото тело било однесено во Газа, пишува „Џерусалим пост“.
Молел, студент по земјоделство од Танзанија, пристигнал во Израел две недели пред нападот на Хамас и работел како млекар во Нахал Оза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.