Македонија
МЗШВ: Собранието го усвои новиот закон за дивечот и ловството
Собранието на Република Северна Македонија го усвои законот за дивечот и ловството. Станува збор за рефромски закон со многубројни новости и законско решение усогласено со регулативите на Европската Унија.
Со донесувањето на овој закон се излегува од досегашните концесиски рамки бидејќи дивечот како таков е делумно обновлив ресурс, па во иднина дивечот се предвидува да се дава на користење и управување наместо на концесија, како што беше досегашното законско решение, и тоа на период до 20 години. Ваквата измена е во насока на трајноста во одгледувањето, заштитата и неговото користење.
Предност при доделувањето на дивечот во ловиштата на користење, при исти услови, би имале досегашните концесионери на дивечот, а кои најмногу припаѓаат на ловечките друштва, известува МЗШВ.
Новиот закон за дивечот и ловството предвидува поголеми јавни овластувања за Ловечката федерација на Македонија. Од безбедносен аспект со новиот закон се предвидува задолжителна обука пред полагањето на ловечкиот испит, особено во делот на безбедноста при ловот. Понатаму, со новиот закон се предвидува одредба со која флуросцентните маркер-елеци стануваат задолжителни при лов на дивеч.
Новост е и тоа што ловната сезона на дивата свиња почнува порано, односно се предвидува да почне на 1 мај, а се лимитира бројот на дозволен застрел од ловец на ден за одделни видови дивеч.
Законот за дивечот и ловството дава можност за формирање полигон за лов на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање фарми за производство на месо од дивеч. На овој начин се придонесува во развојот на ловниот туризам, како и можност за производство и промет на месо од дивеч, соопшти МЗШВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утврдени неправилности на Зимзоленд: Град Скопје нема дадено дозвола
Инспектори од Град Скопје денеска биле на локацијата каде што се одржува Зимзоленд и утврдиле низа неправилности. Утврдено е дека Градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност.
„По пријави од граѓани, постапивме и на Зимзоленд. Инспекторатот беше на локацијата и утврди дека градот Скопје нема дадено дозвола за таму да се врши дејност. Констатирани се повеќе неправилности, особено во однос на вршење дејност надвор од објект“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Дополнително, додава тој, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи.
„Градот Скопје и јас како градоначалник ќе продолжиме бескомпромисно да се бориме против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор“, вели Ѓорѓиевски.
Инспекторите денеска, освен на Зимзоленд, биле и на „Пластичарска“ .
„Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд. Денес градот Скопје, заедно со Инспекторатот и во координација со ДПИ и МВР, спроведе широка акција со единствена цел, да се врати редот и достоинството на јавниот простор на целата територија на градот. Изречени се повеќе од 20 казни“, објави Ѓорѓиевски и додаде дека вработените од ЈП „Градски паркинг“ ги отстранувале неправилно паркираните возила долж улицата „Пластичарска“.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Утре без вода за пиење делови од општина Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради змена на вентил во шахт Ф 2“1/2“ (два и пол цола) на улица Натанаил Кучевишки бб. градинката 11-ти Октомври со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Натанаил Кучевишки, Краишка и Хо Ши Мин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.(општина Бутел )

