Свет
Во Брисел во тек е клучен состанок за Украина, Орбан се заканува, се огласи Шолц
Консензус за одлуките во корист на Украина на самитот на ЕУ во Брисел би бил многу важен знак за Киев и Москва, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц пред почетокот на самитот на ЕУ.
Лидерите собрани во Брисел мора едногласно да одлучат дали ќе ги отворат пристапните преговори со Украина и ќе му дадат на Киев долгорочна финансиска помош вредна до 50 милијарди евра. Унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано се закануваше дека ќе стави вето на овие одлуки.
„Важно е да се испрати јасен знак на поддршка. Знак упатен до храбрите граѓани на Украина, кои ја бранат својата земја“, рече Шолц.
„Но, сигналот е насочен и кон рускиот претседател, кој мора да знае дека не може да смета на Европската Унија и нејзините земји членки да ја намалат поддршката за Украина“, рече германскиот канцелар.
Во пресрет на почетокот на самитот, унгарскиот премиер Виктор Орбан јасно се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со Украина и рече дека за тоа може да се разговара само кога Киев ќе ги исполни потребните услови. Орбан се противи и на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина за периодот до 2027 година. Со оглед на унгарското противење на клучните одлуки за ЕУ се очекува овој самит да трае долго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

