Спорт
(Видео) Абердин без Миовски со победа се прости од Конференциската лига
Foto/ EPA
Заврши фазата по групи во Конференциската лига во групите Е, Г и Х. Пласман во нокаут фазата изборија Астон Вила, Легија, ПАОК, Ајнтрахт, Фенербахче и Лудогорец.
Фенербахче славеше над Сартак Трнава со 4:0, но не успеа да го освои првото место во групата, бидејќи Лудогорец со голот на Пјотровски го победи Нордсјеланд (1:0) и благодарение на подобриот меѓусебен скор од Фенер, заврши на врвот на табелата.
Зрињски одигра 1:1 со Астон Вила во Мостар.
Екипата на Бирмингем поведе со голот на Заниоло во 61. минута, а конечниот резултат го постави Малекинушиќ во 87. минута.
Легија за која настапува го совлада АЗ Алкмар (2:0), со головите на Рибеиро во 34. минута и Крамер во 81. минута.
Астон Вила е прва во Е групата со 13 бодови, Легија втора со 12, АЗ Алкмар трет со шест, додека Зрињски е последен со четири бода.
Абердин, без Бојан Миовски го победи Ајнтрахт со 2:0, со головите на Дјук во 41. минута и Соклер во 74. минута, додека ПАОК славеше над ХЈК од Хелсинки (4:2).
Бојан Радуловиќ во шестата минута ги доведе гостите во водство, но следеше серија погодоци на солунскиот тим, Оџоев во 37. , Константелиас во 47., Тоивио во 53. си постигна автогол, а стрелец беше и Мург во 85. минута. Хетемај го постигна конечниот резултат од пенал во втората минута од судиското надополнување.
Прв во Г групата заврши ПАОК со 16 бодови, Ајнтрахт втор со девет, Абердин трет со шест, а ХЈК последен со два бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тото Волф го продава својот удел во Мерцедес?
Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, наводно е подготвен да продаде дел од својот удел од 33 отсто во тимот, кој се проценува на рекордни пет милијарди евра. Се вели дека Волф, кој ќе остане на своите должности како извршен директор и шеф на тимот, е во напредни разговори со неоткриен купувач за продажба на „средно едноцифрен удел“ во неговата компанија, која поседува акции на Мерцедес.
Портпаролот на тимот Мерцедес во Формула 1 не сакаше да ги коментира овие наводи.
„Управувањето со тимот ќе остане непроменето, а сите три партнери (Мерцедес-Бенц, Тото и ИНЕОС) се целосно посветени на успехот на Мерцедес-Бенц во Формула 1“.
Германскиот автомобилски гигант Мерцедес-Бенц, Волф и британската хемиска компанија ИНЕОС моментално поседуваат по 33% удел во тимот, а британскиот милијардер Џим Ратклиф поседува контролен удел.
Во периодот од 2014 до 2021 година, Мерцедес освои осум титули светски шампионски тим, а Луис Хамилтон беше најдобар во пласманот на возачи седум пати, една титула освои и Нико Розберг.
Тимот е на второто место на три трки до крајот на оваа сезона, во која втората последователна титула светски шампион ја обезбеди Мекларен. На последната трка одржана на патеката Интерлагос во Сао Паоло, возачите на Мерцедес го освоија второто (Кими Антонели) и четвртото место (Џорџ Расел).
Спорт
Анчелоти: Му реков на Ендрик да си замине од Реал Мадрид
Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, му порача на напаѓачот на реал, Ендрик дека мора сериозно да размисли за својата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
Младиот фудбалер го изгуби местото во ротацијата со доаѓањето на Чаби Алонсо, а откако се рахабилитира од повредата на грбото, има одиграно само 14 минути оваа сезона.
Новинарите беа заинтересирани дали ова ќе влијае врз статусот на Ендрик во националниот тим, особено ако се знае дека летово ќе се игра Светското првенство САД, Канада и Мексико.
„Разговарав со него на почетокот на сезоната. Беше повреден, но сега е добро и мора да размисли со својот тим што е најдобро за него. Нека разговара со клубот и нека види што е најпаметно. Ендрик е млад и ова нема да биде неговото последно Светско првенство. Единственото нешто што е важно е повторно да почне да игра и да покаже што знае“, рече Анчелоти.
Инаку, се погласни се најавите дека Ендрик, во зимскиот преоден рок ќе се преселин на позајмица од Реал во Олимпик Лион.
Спорт
Манчини ќе му биде тренер на Роберто Фирмино
Познатиот италијански тренер Роберто Манчини (60) постигна договор за нова профитабилна работа.
Како што објавува секогаш добро информираниот италијански новинар и инсајдер Фабрицио Романо, неговиот сонародник Роберто Манчини ќе стане нов тренер на Ал Сад, најтрофејниот и најбогат катарски клуб. Двете страни веќе постигнале договор.
„Роберто Манчини утре лета за Доха за да го потпише договорот како нов главен тренер на Ал Сад, договорот е затворен“, објави Фабрицио Романо.
По деветтото коло, Ал Сад е на шестото место на табелата на Катарската лига со 14 бода. Прва ѕвезда на тимот е поранешниот фудбалер на Ливерпул, Бразилецот Роберто Фирмино.
Последниот ангажман на Манчини беше како селектор на Саудиска Арабија, која ја напушти во октомври минатата година.
Пред тоа, тој беше селектор на Италија (ја освои титулата на ЕУРО 2020). За време на неговата богата кариера, тој беше тренер и на Фиорентина, Лацио, Манчестер Сити (им ја донесе првата титула на „Граѓаните“ по 44 години), Галатасарај, Интер и Зенит.

