Македонија
Албанија денес ќе ги врати украдените македонски икони
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска е во еднодневна работна посета на Тирана на покана од нејзината колешка Елва Маргарити.
Повод за посетата е примопредавање на незаконски изнесените македонски икони, кои беа случајно препознаени во албанските медиуми од македонските експерти вo 2013 година.
Станува збор за вупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од Струшкиот Регион.
Пред церемонијата на свечено предавање на незаконски изнесените икони од страна на министерката за култура на Република Албанија, Маргарити, предвидена е и билатерална средба, на која тема на разговор ќе бидат билатералната соработка и идните заеднички активности во рамките на УНЕСКО.
Според агендата, Костадиновска-Стојчевска во Тирана ќе го посети и македонскиот Културно-информативен центар.
Веднаш по враќањето на македонската делегација, иконите ќе бидат изложени во фоајето на Музејот на Северна Македонија, каде што ќе се одржи пригоден настан, на кој ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, поглаварот на Македонската православна црква, г. г. Стефан, претставници од МАНУ и работната група што учествуваше во оваа прва реализирана реституција на културни добра во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

