Свет
Пронајдено тело на заложник киднапиран од Хамас на фестивалот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/8e618eb8-851f-4786-991d-42b971be0534.jpg)
Израелската војска објави дека го пронашла телото на заложникот Елија Толедано (28), кој терористите го киднапираа од музичкиот фестивал „Супернова“ на 7 октомври.
Не е познато како и кога починал.
Се верува дека во Газа останале 134 заложници и дека не се сите живи.
Израелските одбранбени сили досега ја потврдија смртта на 20-ина заложници од оние што сè уште ги држи Хамас повикувајќи се на нови разузнавачки информации и откритија направени од војници што дејствуваат во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Трамп: Зеленски е трговец, секогаш кога доаѓа во САД, тој си заминува со 60 милијарди долари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/zelenski-bajden-tramp.jpg)
Поранешниот американски претседател и веројатен републикански кандидат Доналд Трамп остро ја критикуваше американската помош за Украина на предизборниот митинг во Детроит во саботата.
Говорејќи на настанот „Turning Point USA“, Трамп рече дека ќе ја прекине американската помош за Украина пред да ја преземе Белата куќа.
„Мислам дека Зеленски е можеби најголемиот бизнисмен од сите политичари што некогаш живееле, секогаш кога доаѓа во нашата земја си оди со 60 милијарди долари.
Тој пред четири дена замина со 60 милијарди долари, а дојде дома и објави дека му требаат уште 60 милијарди долари. Никогаш не завршува. Тоа ќе го решам пред да ја преземам Белата куќа како новоизбран претседател“, рече Трамп во говорот.
Трамп претходно изјави дека ќе ја запре воената помош за Украина доколку победи на претседателските избори во САД во 2024 година.Трамп исто така тврдеше дека Русија немаше да започне инвазија на Украина во 2022 година, доколку добиеше втор мандат.
Свет
(Видео) Трамп го покани Бајден на когнитивен тест, а потоа во следната реченица направи гаф
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/tramp.jpg)
Доналд Трамп го предизвика актуелниот американски претседател да направи когнитивен тест, но во следната реченица го помеша името на сопствениот доктор. Републиканскиот претседателски кандидат редовно го критикува Бајден за неговите различни гафови.
Говорејќи во Детроит, Трамп ја доведе во прашање менталната острина на претседателот. „Тој дури и не знае што значи зборот „инфлација“. Мислам дека треба да направи когнитивен тест како што направив јас“, рекол Трамп, пренесува „Скај Њуз“.
BREAKING: While Trump brags about “acing” a dementia test, he forgets the name of Ronny Jackson twice and calls him Ronny Johnson. pic.twitter.com/gZA76uu3Oj
— MeidasTouch (@MeidasTouch) June 15, 2024
Неколку секунди подоцна, тој продолжи: „Д-р Рони Џонсон. Дали сите го познаваат Рони Џонсон, конгресменот од Тексас? Тој беше доктор во Белата куќа и рече дека сум најздравиот претседател во историјата, па веднаш ми се допадна“.
Сепак, тој очигледно мислеше на Рони Џексон, кој беше лекар во Белата куќа за време на неговиот претседателски мандат. Џексон беше избран во Конгресот во 2021 година и е еден од најгласните бранители на Трамп на Капитол Хил.
Во 2018 година, Трамп направи когнитивен тест на негово барање, изјави Џексон на новинарите тогаш. Испитот е дизајниран да открие рани знаци на губење на меморијата и други благи когнитивни оштетувања. Трамп, кој во петокот наполни 78 години, се запраша дали Бајден, како 81-годишник, воопшто треба да се кандидира за втор мандат.
Бајден исто така се потсмеваше на годините на Трамп. „Честитки од еден до друг старец. Годините се само бројка“, напиша Бајден во саркастична објава.
Свет
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти Воениот кабинет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/677z381_netanjahu-iran.jpg)
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го распушти Воениот кабинет формиран на 11 октомври минатата година за да управува со операциите против милитантните групи Хамас и Хезболах, објавија денеска израелските медиуми.
Нетанјаху синоќа му соопшти на Кабинетот за безбедност дека официјално го распуштил Воениот кабинет. Распуштањето на воениот кабинет се очекуваше откако министерот за национална безбедност Бен Гвир лобирал да биде во тоа тело, пишува „Тајмс оф Израел“.
Се очекува Нетанјаху да донесе критични одлуки во војната за време на краткиот состанок без Бен Гвир, барајќи одобрение од безбедносниот кабинет.
Лидерот на Партијата за национално единство Бени Ганц поднесе оставка на функцијата министер во воениот кабинет претходно оваа недела, откако Нетанјаху не го исполни неговото барање да претстави јасна стратегија за Појасот Газа по крајот на војната.