Свет
Путин: Макрон само престана да ми се јавува
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека францускиот претседател Емануел Макрон ги прекинал сите врски со него, но рускиот претседател ја оставил отворена вратата за повторно воспоставување на односите.
Пред војната во Украина, Макрон се претставуваше како преговарач меѓу Западот и Русија. Францускиот претседател отпатува за Москва неколку недели пред руската инвазија во последен обид за деескалација на тензиите, пишува „Политико“.
Фотографиите на Макрон како седи на спротивниот крај на долгата маса во Кремљ своевремено стекнаа голема популарност на социјалните мрежи.
Во четвртокот, за време на годишната прес-конференција со Владимир Путин, новинар од францускиот канал TF1 го праша за моментната врска со Макрон.
Путин рече дека тие имале прилично добри работни односи и дека тој е подготвен за понатамошна соработка со Франција за билатерални и глобални прашања, а потоа додаде:
„Во еден момент францускиот претседател ја прекина врската. Ние не го направивме тоа, не бев јас. Тој го направи. Ако покаже интерес, ние сме подготвени. Ако не, ќе се снајдеме. Имаме други работи за правење“, рече Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.