Свет
(Видео) Се распадна воз во Пекинг, над 100 лица повредени
Во несреќа за време на шпицот на сообраќајот во метрото во Пекинг најмалку 102 лица добија скршеници на коските.
Несреќата се случила вчера вечерта на надземниот дел од пругата, а била зафатена од временските услови и снегот. Кинеската престолнина, каде што ваквите инциденти се ретки, изминатите денови беше погодена од снежно невреме, што влијаеше на сообраќајните услови и резултира со доцнење на транспортот во градот.
An major accident of the Chinese subway metro has occurred in #Beijing after failure of emergency breaking system. 102 people have been seriously injured with multiple fractures. Evacuation of victims is in process. pic.twitter.com/mK4R61mvU3
— Nepal Correspondence (@NepCorres) December 15, 2023
Несреќата се случила нешто пред 19 часот кога последните два вагона на метрото се одвоиле од вагоните пред нив, известија властите. До речиси 23 часот вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 лица добиле скршеници, објави државната телевизија ЦЦТВ.
До денеска во 6 часот 423 лица се отпуштени од болница, соопшти ЦЦТВ, додавајќи дека 67 други сè уште се на лекување, а 25 лица се под опсервација. Нема регистрирано смртни случаи, објавија државните медиуми.
More videos and pictures about the accident of the Beijing subway.pic.twitter.com/eoYJAJz6mm
— Open Resources Translation (@anonsuoi) December 14, 2023
Прелиминарната истрага за инцидентот покажа дека снежното време предизвикало лизгави патеки и „деградација на сигналот“, што резултирало со несреќата, се вели во извештајот. Корисниците на социјалните мрежи објавија дека виделе патници како паѓаат на земја, а некои се жалеле на болки во грбот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Следната средба меѓу Путин и Шји во јули
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега, Шји Џјинпинг, планираат да се сретнат за време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во јули, кој е дел од претстојниот дипломатски календар меѓу двете земји, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Ова го изјави на денешната средба со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Џи.
„Ве чекаме, драг министере, драг пријателе, на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС, во Нижни Новгород, за помалку од еден месец. Нашите лидери ќе се сретнат и за време на самитот на SCO во јули во Астана. Подготвуваме настани за одбележување на 75-годишнината од воспоставувањето на нашите дипломатски односи“, му рекол Лавров на Ванг.
На средбата тој изразил благодарност до Пекинг за неговата „урамнотежена позиција“ за решавање на конфликтот во Украина, соопшти денеска руската МСП, пренесува „РИА новости“.
Шефот на руската дипломатија го поздрави предлогот на кинескиот претседател Џјинпинг за организирање мировна конференција со рамноправно учество на Москва и Киев, што ги зема предвид интересите на Русија, додаваат од Министерството.
Регион
Дачиќ му упати сочувство на Иран за смртта на претседателот Раиси: Бев шокиран од веста
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, упати сочувство до раководството и народот на Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан.
„Бев шокиран од веста за трагичната смрт на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан, како и членовите на неговата висока делегација. Иранскиот народ загуби посветен лидер, лојален на својата земја и на високата функција. Србија изгуби докажан пријател и важен партнер со кој искрено работевме во корист на традиционалната блискост на нашите народи“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, е посветен на постојано подобрување на врските со Србија и дека заминувањето на претседателот Раиси и членовите на неговата висока делегација е огромна загуба за Иран, неговиот народ и државното раководство, се вели во соопштението.
Свет
„Гардијан“: Судот во Лондон ја одобри жалбата на Џулијан Асанж, тој сè уште нема да биде екстрадиран во САД
Џулијан Асанж извојува победа во тековната борба против екстрадицијата од Велика Британија кога судиите на Високиот суд во Лондон го одобрија неговото жалбено барање, пишува „Гардијан“.
Двајца судии, пишува „Гардијан“, ја одложија одлуката во март за тоа дали Асанж, кој се обидува да го избегне судењето во САД за обвиненијата за шпионажа поврзани со објавувањето илјадници тајни и дипломатски документи, може да го однесе својот случај на второ жалбено рочиште.
Како што пишува „Гардијан“, Асанж би можел да добие право да побара жалба.
Асанж е обвинет за 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер, според медиумот, кој предвидува максимална казна од 175 години затвор, за објавување голема количина доверливи американски документи на неговата веб-страница пред речиси 15 години.