Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Најкорумпираните единки од ДУИ и СДС да се изолираат во некоја казнена установа на подолг рок

Соединетите Американски Држави лоцираат епидемија од корупција во Македонија. На Ковачевски, Владата и надлежните институции око не им трепнува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да беа европска власт и доколку негуваа европски вредности веднаш ќе поднеса оставки од своите функции, затоа што во секој ресор на Владата смрди на корупција и се е труло. И тоа не им го говори само САД, тоа е нотирано и во Европскиот извештај. Со оваа криминализирана власт нема ни европска иднина, ни европски стандарди. Единствено кое знае оваа власт да го прави е како да полни свои блиски фирми со сомнителни тендери, како да ги полни своите џебови и сметки, а во исто време само декларативно да говори за Европската Унија.
Затоа Македонија е најсиромашна држава, затоа стандардот и економијата тонат, затоа има таков егзодус на граѓаните. Не е возможно и Европската Унија и САД да гледаат корупција во Македонија, а само нашето судство и обвинителство, седнато во скутот на ДУИ и СДС, тоа да не го гледа.
Корупцијата е модус вивенди на оваа власт. Од кревет не стануваат функционерите на ДУИ и СДС ако денес не договориле некој тендер, некоја провизија или некое ново кршење на законот. Системот е целосно распаднат, институциите се дерогирани, а правната држава е тотално поклопена. Дијагнозата е повеќе од јасна. Решението за оваа епидемија на корупција чиј причинител е владата на Ковачевски е да се победи на избори и после тоа клучните единки заразени со корупцијата да се стават во карантин во некоја казнено поправна установа на подолг рок“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.