Свет
Израел: Војната против Хамас ќе трае повеќе од неколку месеци
Војната на Израел против Хамас во Газа ќе трае повеќе од неколку месеци, изјави министерот за одбрана, Јоав Галант, пред високи американски претставници во Тел Авив.
„Тие изградија подземна и надземна инфраструктура и не е лесно да се уништи“, рече Галант за време на разговорот со американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан.
„Ќе биде потребно време – ќе потрае повеќе од неколку месеци, но ние ќе победиме“, рече Галант.
Тој им се заблагодари на САД за континуираната помош за Израел и напорите за ослободување на заложниците киднапирани од Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври.
По средбата, Саливан се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други членови на воената влада.
САД разговараа со израелското раководство за можна транзиција кон воени операции со помал интензитет во Газа, објави Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека сака Израел да се фокусира на тоа како да спаси цивилни животи во Газа.
„Сакам да бидат фокусирани на тоа како да спасат цивилни животи, да не ги запираат нападите против Хамас, туку да бидат повнимателни“, рече Бајден.
На прашањето за времетраењето на војната Кирби рече дека САД не им диктираат на Израелците колку долго треба да трае војната.
Во четвртокот Израел продолжи да го гаѓа Појасот Газа и покрај интензивните меѓународни повици за заштита на цивилите и ширење на смртоносни болести меѓу раселените жители.
Во нападите израелската армија убила најмалку 18.600 луѓе, а ранила 50.000, тврди Министерството за здравство во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Следната средба меѓу Путин и Шји во јули
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг планираат да се сретнат за време на самитот на Шангајската организација за соработка (ШСО) во јули, кој е дел од претстојниот дипломатски календар меѓу двете земји, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Ова го изјави на денешната средба со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Џи.
„Ве чекаме, драг министер, драг пријателе, на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС, во Нижни Новгород за помалку од еден месец. Нашите лидери ќе се сретнат и за време на самитот на SCO во јули во Астана. Подготвуваме настани за одбележување на 75-годишнината од воспоставувањето на нашите дипломатски односи“, му рекол Лавров на Ванг.
На средбата тој изразил благодарност до Пекинг за неговата „урамнотежена позиција“ за решавање на конфликтот во Украина, соопшти денеска руската МСП, пренесува РИА Новости.
Шефот на руската дипломатија го поздрави предлогот на кинескиот претседател Џјинпинг за организирање мировна конференција со рамноправно учество на Москва и Киев, што ги зема предвид интересите на Русија, додаваат од министерството.
Регион
Дачиќ му упати сочувство на Иран за смртта на претседателот Раиси: Бев шокиран од веста
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, упати сочувство до раководството и народот на Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан.
„Бев шокиран од веста за трагичната смрт на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахи,ан, како и членовите на неговата висока делегација. Иранскиот народ загуби посветен лидер, лојален на својата земја и на високата функција. Србија изгуби докажан пријател и важен партнер со кој искрено работевме во корист на традиционалната блискост на нашите народи“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, е посветен на постојано подобрување на врските со Србија и дека заминувањето на претседателот Раиси и членовите на неговата висока делегација е огромна загуба за Иран, неговиот народ и државното раководство, се вели во соопштението.
Свет
„Гардијан“: Судот во Лондон ја одобри жалбата на Џулијан Асанж, тој сè уште нема да биде екстрадиран во САД
Џулијан Асанж извојува победа во тековната борба против екстрадицијата од Велика Британија кога судиите на Високиот суд во Лондон го одобрија неговото жалбено барање, пишува „Гардијан“.
Двајца судии, пишува „Гардијан“, ја одложија одлуката во март за тоа дали Асанж, кој се обидува да го избегне судењето во САД за обвиненијата за шпионажа поврзани со објавувањето илјадници тајни и дипломатски документи, може да го однесе својот случај на второ жалбено рочиште.
Како што пишува „Гардијан“, Асанж би можел да добие право да побара жалба.
Асанж е обвинет за 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутер, според медиумот, кој предвидува максимална казна од 175 години затвор, за објавување голема количина доверливи американски документи на неговата веб-страница пред речиси 15 години.