Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: МВР на Ковачевски и Спасовски се обиде да го скрие генералниот секретар на Град Скопје за семејно насилство
Спасовски и Ковачевски залудно се обидоа да го скријат новиот скандал во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше пријавен за ново семејно насилство од страна на неговото семејство, а МВР не ја извести јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По пријаватата од неговата сопруга во раните утрински часови на 17 декември, полицијата пристигнала во неговиот дом, каде што биле затекнати видно вознемирени и исплашени членовите на неговото семејство. Сопругата на Глигоров изјавила дека на ситуацијата ѝ претходела вербална расправија со Глигоров, а исто така посочила дека тој поседува огнено оружје, со кое се заканувал дека ќе си го одземе животот.
Драмата не завршила тука, генералниот секретар на Арсовска продолжил со своето лудило, при што ѝ кажал дека е спремен да се фрли од балконот од својот дом.
На Глигоров вакви случки не му се случуваат првпат, тој е пријавен за семејно насилство врз Л. Г. во 2007 и во 2017 година, а воедно кај Глигоров тогаш билo најденo и огнено оружје ‘хеклер’“, реагираат од опозициската партија.
Ова, како што додаваат, се кадрите на Арсовска, со кои го раководи Град Скопје, семејни насилници и лица со дискутабилна психичка состојба.
Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека овој случај се обиде да го скрие МВР на Спасовски и Ковачевски бидејќи тие заедно со Данела Арсовска веќе подолг период се во коалиција во Град Скопје, па биле принудени да го забошотат овој случај.
Тоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, нема да им помине.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

