Македонија
Проруската коалиција на Левицата и ДПМНЕ ѝ наштети на земјата, исто како Букурешт 2008, велат од СДСМ

Според СДСМ, проруската коалиција на Левицата и ДПМНЕ ѝ наштети на земјата.
„Истите оние што беа против зачленувањето во НАТО, тие се и против зачленувањето во ЕУ.
Тоа што го гледавме во 2008 година во Букурешт, го гледаме сега и во Брисел, истите политичари, истите политички партии, сега засилени со партијата Левица.
Една анти-ЕУ, анти-НАТО, проруска коалиција, која не нуди друга алтернатива, меѓутоа државата повторно сака да ја води во изолација и во статус кво“, потенцираат од владејачката партија.
Уште еднаш, како што додаваат од СДСМ, се потврди дека единствен кочничар на државата де анти-ЕУ и анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.