Спорт
(Видео) Историска ноќ за Јокиќ, Шеј и Фокс решетаа во Сакраменто
Никола Јокиќ со нов трипл-дабл влезе во историја на НБА лигата. Србинот го предводеше својот тим до победата над Бруклин, 10. за Денвер во 11. меч оваа сезона на домашен терен. Изминатата ноќ во НБА ја обележа „револверашката“ пресметка меѓу ѕвездите на Сакраменто и Оклахома, Диерон Фокс и Шеј Гилџес-Александер.
Денвер славеа во дуечот со Бруклин 124:101. Јокиќ го забележа 115. трипл-дабл во кариерата, 10. оваа сезона, со што стана единствениот играч во историјата на НБА кој забележал двоцифрен број на трипл-дабл во седум последователни сезони.
Јокиќ за 30 минути игра запиша 26 поени, 15 скока и 10 асистенции и го предводеше Денвер до третата последователна победа, 17. во тековната сезона.
Многу подраматично беше во Сакраменто, каде Дијарон Фокс и Шеј Гилџис-Александер комбинираа 84 поени. Асот на Тандер постигна уште два, но Кингс постигна пет повеќе од гостите и ја совлада Оклахома со 128:123.
Фокс мечот го заврши со 41, а Александер со 43 поени.
Лидерот на Западот, Минесота славеше победа во Далас 119:109. Дончиќ повторно блескаше, но не успеа да го спречи поразот на својот тим. Словенецот заврши со 39 поени и 13 асистенции.
Резултати:
Бостон – Кливленд 116:107
/Татум 27, 11 ск, 3 бл – Мичел 31, 8 ск, 6 ас/
Мајами – Чикаго 116:124
/Мартин 17, 11 ск – Вучевиќ 24, 12 ск, 7 ас/
Далас – Минесота 101:119
/Дончиќ 39, 6 стр, 13 ас – Рид 27, 6 ск/
Денвер – Бруклин 124:101
/Јокиќ 26, 15 ск, 10 ас – Динвиди 17, 8 ас/
Портланд – Јута 114:122
/Хендерсон 23, 10 ас – Секстон 27/
Сакраменто – Оклахома 128:123
/Фокс 41 – Гилџис-Александар 43/
ЛА Клиперс – Голден Стејт 121:113
/Харден 28, 7 ск, 15 ас – Томпсон 30/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos

